Алкалоид има десет гола негатива по првиот меч против Хановер за место во групната фаза во Европската Лига. Бундес-лигашот ги казни сите грешки и нереализирани седмерци и отворени шутеви на македонскиот тим, и славеше со 37-27.
Хановер на овој двомеч влезе како голем фаворит, со оглед на шампионатот од каде доаѓа, но резултатот според македонскиот репрезентативец, Мартин Велковски не е реален.