Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Доделувањата на „Еми“ беа моден спектакл

    Следуваат два продолжени викенди во Македонија

    Села: Сите коалиции нè оставија на средина на патот, на наредните избори одиме сами

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Министерството за енергетика ги објави сите договори, достапни им се на сите граѓаните
    Политика

    Министерството за енергетика ги објави сите договори, достапни им се на сите граѓаните

    02/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Како што се наведува во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, тоа преку својата посветеност и визија, активно учествува во реализацијата на тековниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024–2026 година.

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е координатор на заложбата 1.3 – Јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување јавно-приватно партнерство, како и активен учесник во заложбата 1.2 – Јавно објавување на вистински сопственици на фирмите што имаат склучено договори со државата. Со овие заложби, како што се истакнува, ко-креирани во партнерство со граѓанскиот сектор, Министерството испраќа јасна порака.

    „Енергетиката, рударството и минералните суровини се сектори од големо јавно значење што го носат економскиот развој на државата. Нивното управување мора да биде транспарентно, отчетно и достапно за јавноста, затоа што успехот во овие области се гради и се дели со граѓаните – тој е од нив и за нив“, смета Божиновска.

    Кога станува збор за конкретни резултати, од министерството наведуваат дека е формирана работна група во рамки на министерството, што има задача да го реализира објавувањето на сите склучени договори за: 1. концесии за експлоатација на минерални суровини и 2. договори за детални геолошки истражувања.

    „Овие документи се јавно достапни на веб-страницата на Министерството:  www.energy.gov.mk, овозможувајќи директен увид за граѓаните и граѓанските организации“, се подвлекува во соопштението.

    Како што се додава, во делот на јавно-приватното партнерство (ЈПП), Министерството веќе води Регистар на доделени договори.

    „Овој регистар ќе се надгради согласно новиот предлог-закон за ЈПП, преку воспоставување Единствен електронски систем за јавно-приватно партнерство што ќе ги опфати сите фази на проектите – од планирање, до доделување, спроведување и завршување на договорите. Системот ќе биде директно поврзан со Националниот електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН)“, се додава во соопштението.

    Со овие активности, се нагласува, Министерството потврдува дека транспарентноста и отчетноста се основа на успешното управување со јавните ресурси.

    Previous ArticleДвајца Македонци кандидати за членови на важни комисии на ЕХФ!
    Next Article На локалните избори, 69 независни кандидати за градоначалници и 68 независни листи за советници, објави ДИК

    Поврзани вести

    Села: Сите коалиции нè оставија на средина на патот, на наредните избори одиме сами

    15/09/2026

    Мицкоски во Вашингтон, средби за инвестиции во енергетиката, воената индустрија и за Криволак

    15/09/2026

    Рокас: Урсула фон дер Лаен доаѓа во регионот, нејзината посета може да ги придвижи преговорите со ЕУ

    14/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Доделувањата на „Еми“ беа моден спектакл

    Следуваат два продолжени викенди во Македонија

    Села: Сите коалиции нè оставија на средина на патот, на наредните избори одиме сами

    Лагард: Европа мора да развие своја вештачка интелигенција или ризикува да биде отсечена од САД и Кина

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    „Светот на Хомер“: археологијата го оживува светот на „Илијада“ и „Одисеја“

    11/09/2026

    Мицкоски: Целосна невистина и неаргументирана изјава на опозицијата

    10/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.