Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија во официјална посета на АРМ
    Македонија

    Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија во официјална посета на АРМ

    02/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Делегација на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС генерал Георгита Влад, од денес ќе престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.

    На официјалната средба помеѓу началникот на Генералштабот на Армијата, Генерал-мајор Сашко Лафчиски и генералот Влад беше потврдена соработката помеѓу двете армии, која во текот на изминатата и оваа година се оценува како исклучително добра и на високо ниво.

    Посебно беше нагласена успешната соработка на полето на обуката и вежбите реализирани во рамките на иницијативата Б-9, како и во рамките на билатералните и регионалните активности.

    За време на официјалниот состанок, романската делегација беше запознаена со трансформацијата на Армијата, учеството на Армијата во меѓународни мисии на НАТО, ОН и ЕУ, како и капацитетите на армискиот полигон „Криволак“.

    Дополнително се разговараше за заемна поддршка при исполнување на НАТО целите на способности и подобрување на интероперабилноста, како и можноста за унапредување на билатералната соработка, вклучувајќи ја и соработката во областа на специјалните сили.

    Во рамки на посетата, генералот Влад оствари средба и со министерот за одбрана Владо Мисајловски на која се разговараше за посветеноста на двете земји во зацврстувањето на источното крило на НАТО, за безбедносната состојба во регионот, како и за можностите за развој на билатералната соработка.

    Министерот Мисајловски во оваа прилика ја нагласи исклучително интензивната одбранбена соработка благодарение на која се зајакнува интероперативноста помеѓу двете сојузнички армии и додаде дека македонските припадници, како и досега, ќе продолжат со својот придонес како дел од НАТО мултинационалните сили во Романија.

    Покрај официјалните средби, во текот на денешниот ден, романската делегација ќе го посети ибаталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ во Скопје, каде ќе биде запознаена со мисијата, опремата и вооружувањето со кое располага баталјонот и ќе присуствува на методско-показна вежба организирана од единицата.

    Во текот на утрешниот ден романската делегација, во касарната „Боро Менков“ во Куманово, ќе присуствува на свечената церемонија за примопредавање на должноста на Политичко-воено-управувачкиот комитет и Координативниот комитет на СЕДМ, како и на одбележувањето на 26 години од формирањето на бригадата за Југоисточна Европа (SEEBRIG).

    Previous ArticleРевизија на МОН: Скапите владини преводи од престижни универзитети скапуваат по магацини
    Next Article Двајца Македонци кандидати за членови на важни комисии на ЕХФ!

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.