Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Македонија со новите закони за рударство и геологија ќе стане суровинска колонија, предупредуваат екологисти
    Македонија

    Македонија со новите закони за рударство и геологија ќе стане суровинска колонија, предупредуваат екологисти

    01/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Законите за рударство и геологија се вовед во рударска офанзива и претворање на Македонија во рударска земја, што може да доведе до катастрофални последици за животната средина, алармираат 25 граѓански еколошки организации во писмо до Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство. Екологистите предупредуваат дека доколку се усвојат новите закони ќе овозможат за прогласување на некој рудник за стратешки проект на „брза лента“ и издавање концесија, со помош и на Европската Комисија, со што се создава простор за манипулации и заобиколување на прописите за заштита на животната средина, здравјето и биодиверзитетот, како и на безбедноста на граѓаните и вработените, а за граѓаните е предвидена дури и можност за преселба заради вакви инвестиции.

    Тие алармираат дека на овој начин земјава се откажува од сувереното право на нејзините граѓани да одлучуваат во каква средина ќе живеат и се нуди да стане суровинска колонија, каде Европската Комисија би одлучувала каде ќе се отвора рудник, дури и ако се работи за рудници на метали, кои спаѓаат во најзагадувачката индустрија.

    „Ние не сме членка на ЕУ, не сме ги примениле ниту сите европски еколошки регулативи, а се затрчуваме по рударската регулатива, која би ни донесла катастрофални последици за животната средина. Македонија се чуствува повикана да и го надомести на ЕУ недостигот на критични минерални суровини и со своите два милиона жители да ги покрие потребите на 450 милиони жители. Македонија се нуди да ја замени Кина, која до скоро покриваше околу 90 отсто од потребите на ЕУ. Тоа е невозможна мисија, а крајно штетна дури и во обид“, посочуваат екологистите.

    Велат дека е добро е што останува забраната за употреба на цијаниди и сулфурна киселина за идни рудници, но лошо е што во законот стои дека тоа не важи за постоечките. Бараат ревизија на постоечките А-интегрирани еколошки дозволи за старите рудници и задолжување да ги применат најдобрите достапни практики за експлоатација и третман на отпад, според ЕУ стандарди.

    Екологистите се незадоволни и што Инспекцијата на животната средина не е јасно дефинирана и останува маргинална, како и досега, што значи дека законот ќе овозможи да се продолжи со прогледувањето низ прсти, дури и во случаи на руднички хаварии. Проблем е и продолжувањето на концесијата која траела 30 години за нови 30 години со едноставно барање од концесионерот, без спроведување нова постапка за оцена на влијание врз животна средина, како и доделувањето концесии без јавен повик, што станува дискреционо право на институциите.

    „Предлагаме законите да имаат јасен екологистички пристап, а  Министерството да го проектира развојот на оваа гранка умерено за неметалични суровини, додека за металични суровини да се стави мораториум. Така, Македонија ќе биде заштитена од нови хаварии и загадувања, на кои сме сведоци“, бараат екологистите.

    Тие посочуваат дека земјава мора да направи ревизија на еколошките дозволи и концесии и да ги зајакне инспекциите задолжени за рударството и индустријата. Земјата мора прво да ја донесе Стратегијата за рударство со сериозни и трајни критериуми за тоа каде и какви рудници би можеле, а каде и какви не би можеле да се отворат и да обезбеди пристап на јавноста до информации за сите фази од рударските постапкии во одлуките за отворање и продолжување концесиите.

    Previous ArticleФилипче: Ќе го покажeме документот за резолуцијата, па нека знаат граѓаните кој е за Европа, а кој не е
    Next Article Нова амбуланта, но затворена: Во Јажинце нема лекар, жителите патуваат со километри за лекарски прегледи

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.