Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Пратениците пресекоа, идните полицајци ќе мора да учат и средно полициско училиште
    Политика

    Пратениците пресекоа, идните полицајци ќе мора да учат и средно полициско училиште

    03/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска соопшти дека овој закон се донесува со мнозинство гласови од присутни пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници што припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.

    Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ нагласи дека оваа законско решение е противуставно, целосно е вон од Законот за средно образование, во никаква корелација со овие законски норми и на тој начин, како што рече, излегува надвор од рамките од образовниот процес во Македонија.

    „Ваков закон не треба во никој случај да се носи по скратена постапка заради тоа што, како што рече, не е закон којшто е едноставен во однос на спроведувањето за да можеме набрзина да ги донесеме законските решенија без притоа да се направи една целосна анализа и во однос на потребата и во однос на концептот којшто треба да го направиме за да еве ако сакаме да воведеме средно полициско образование, како и на кој начин тоа да го направиме и при тоа таа анализа да биде и во насока да видиме како тоа се прави во Европа и во светот во овие моменти, што е тоа што одговара на македонското општество или не одговара итн. На основа на тоа да се носат одлуки при носењето на законско решение и затоа сметам дека вака набрзина во скратена постапка ќе биде едно законско решение коешто ќе е избрзано и коешто на крајот нема да ги даде ефектите такви какви што треба да ги даде и веројатно ќе доаѓа до промени на законски решенија како што тоа се правеше во изминатиот период“, рече Спасовски.

    Собранието во рамки на денешната седница по скратена постапка донесе неколку закони – Предлог на законот за изменување на Законот за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност, Предлог на законот за изменување на Законот за решавање банки и Предлог на законот за изменување на Законот за финансиски инструменти.

    И денешното продоолжение на пленарната седница почна по едночасовна пауза на барање на пратеничката група на Левица кои очекуваат одговор од генералната секретарка на Собранието за патните трошоци и кирии за сите пратеници.

    Previous Article„Визер“ додава шести авион во својата база во Скопје
    Next Article ВМРО-ДПМНЕ објави нови 16 кандидати за градоначалници, за Кисела Вода сѐ уште нема одлука

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.