Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Одлуките на уставните судови и во Бугарија, и во Македонија се конечни и не се коментираат, вели македонската претседателка
    Политика

    Одлуките на уставните судови и во Бугарија, и во Македонија се конечни и не се коментираат, вели македонската претседателка

    03/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Сиљановска Давкова потенцираше дека е непријатно да се коментираат вакви изјави како и да се даваат комeнтари за работа на Уставен суд, укажувајќи дека Уставниот суд решава дали има основ за проследување на доставените иницијативи.

    „Непријатно ми е првин да коментирам вакви изјави, како што е непријатно и да давате коментари и за работа на Уставен суд. Уставните судови се дури и надвор од поделбата на власта внатре во државата, сигурно не се под јурисдикција на соседни политичари. Ако некој покренал постапка во Уставниот суд, Уставниот суд ќе реши дали има основ за негово проследување. Одлуките на уставните судови и во Бугарија, и во Македонија се конечни и не се коментираат, јас дури ниту тогаш не би ги комнетирала“, изјави Сиљановска Давкова,  по доделувањето на признанието „Инженерски прстен“ во Охрид.

    Уставниот суд на 13-ти минатиот месец информираше дека е формиран предмет во кој е оспорен протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија, за кој во тек е претходна постапка, во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука.

    Подносителка на иницијативата, поранешната пратеничка и претседателка на ДОМ, Лилјана Поповска, наведува дека со оспорениот протокол е прекршен Уставот и тврди дека има несоодветна форма и содржина, дека излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден член од договор меѓу две земји и произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава.

    Поповска бара поништување на протоколот и наведува дека поништувањето е издржано согласно Виенската конвенција за договорното право(1969) со која е овозможено поништување во случај кога е во спротивност со императивната норма на општото меѓународно право, што таа го толкува и во овој случај.

    „Според наведеното во иницијативата, протоколот е во спротивност со Уставот, бидејќи не е ратификуван во Собранието, не е објавен во дадениот уставен рок во Службен весник на Република Македонија. Дополнително, се тврди дека е во спротивност со членовите 6-16, 19, 20 и 26 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори, бидејќи не е почитувана процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување“, се вели во наводите на иницијативата.

    Во иницијативата, како што информираа од Уставен суд, е наведено дека протоколот не е полноправен акт потврден од параламентот, туку останува само записник од состанок на меѓувладина комисија. Се тврди дека за разлика на процедурата спроведена во Република Македонија која ја оценува како нетранспарентна и со пропусти, бугарската собраниска комисија за текстот на протоколот дискутирала уште на 23.06.2022 година, еден месец пред министрите за надворешни работи на двете земји да го потпишат протоколот, а потоа на седница на 24.06.2022 година го усвоила целиот пакет од „францускиот предлог “ за почеток на преговорите со Македонија со имплицитно вградениот протокол.

     

    Previous Article(Фото-вест) Премиерот фрли лопата на камен темелник на нов маркет „Лидл“ во Ново Лисиче
    Next Article Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.