Wizz Air, најголемиот авиопревозник во Македонија додава шести авион во својата база во Скопје, како и 13 нови рути, најавуваат оттаму. Авиокомпанијата додава шести авион во базата во Скопје и ја модернизира својата флота со најсовремени Airbus A321neo до крајот на оваа година.
„Оваа експанзија доаѓа по успешниот исход од учеството на Wizz Air на неодамнешниот јавен тендер, што и овозможи на авиокомпанијата дополнително да инвестира во македонскиот авијациски сектор. Со билетите кои се достапни веќе од денес, Wizz Air додава пет нови линии во својата мрежа, поврзувајќи го Скопје со Будимпешта и Неапол, а Охрид со Милано, Катовице и Вроцлав, во дополнение на веќе најавените рути годинава“, наведено е во соопштението.
Со стартот на овие 13 рути од аеродромите во Скопје и Охрид управувани од ТАВ Македонија, Wizz Air ќе ја поврзува Северна Македонија со 41 дестинација во 17 земји низ Европа.
Директните линии се веќе достапни за резервација на wizzair.com wizzair.com и мобилната апликација на авиокомпанијата mobile app.
Wizz Air додава шести авион во базата во Скопје и ја модернизира целата своја флота со најсовремени Airbus A321neo до крајот на оваа година. Со оваа надградба капацитетот на седишта ќе се зголеми за 55 отсто.