Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Фото) Дикаприо се „запушти“ покрај убавица помлада од него 23 години: на интернет кружат нови фотографии

    МФФ Киненова вечерва се отвора со „3 недели подоцна“ на режисерот Мирослав Терзиќ

    Трамп најави интензивни истражувања за нафта, гас и минерали на Гренланд

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»ЗНМ и ССНМ: Недолично однесување на претставници на Министерството за здравство кон новинари е недозволиво
    Македонија

    ЗНМ и ССНМ: Недолично однесување на претставници на Министерството за здравство кон новинари е недозволиво

    03/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради недоличното и непрофесионално однесување кон новинарки за време на јавен настан во Скопје, на кој бил присутен министерот за здравство Азир Алиу заедно со одговорното лице за протокол од министерството.

    Непримерната комуникација од страна на вработената во министерството, одговорна за протокол, настанала откако група новинари ја замолиле за изјави, на што добиле одговор од нејзина страна дека не може, додека на една од новинарките се обратила со зборовите: „Невоспитана, дрска и најбезобразна новинарка“.

    Од ЗНМ и ССНМ сметаат дека ваквото однесување е неприфатливо и несоодветно и претставува сериозен удар врз достоинството на новинарите, слободата на изразување и правотот на јавноста да биде информирана. Недостатокот на санкции за вакви инциденти може да создаде ризик од повторување на слично однесување од страна на други јавни службеници.

    Воедно, го поздравуваат гестот на солидарност од останатите новинари и медиумски работници кои биле присутни таму и револтирани од недоличното однесување, колегијално го напуштиле настанот.

    ЗНМ и ССНМ апелираат до Министерството за здравство итно да го преиспита овој случај и да обезбеди соодветни мерки за професионално однесување на сите јавни службеници кон медиумите. Ова е од клучно значење за заштита на правото на новинарите на пристап до информации од јавен интерес и за одржување на довербата во институциите.

    Previous ArticleБомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
    Next Article Љутков тврди дека дел од Спомен куќите во Велес се во добра состојба иако не се отворени за посетители

    Поврзани вести

    Божиновска: Гласот на Македонија да биде присутен во обликувањето на европските климатски приоритети

    13/10/2026

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    13/10/2026

    Глоба од 45 евра ако немате зимска опрема: Што треба да подготват возачите?

    13/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Дикаприо се „запушти“ покрај убавица помлада од него 23 години: на интернет кружат нови фотографии

    МФФ Киненова вечерва се отвора со „3 недели подоцна“ на режисерот Мирослав Терзиќ

    Трамп најави интензивни истражувања за нафта, гас и минерали на Гренланд

    Албанските студенти кои протестираат за подобри услови во образованието се судрија со полицијата

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.