Малопродажен објект на познатиот ланец „Лидл“, денеска започна да се гради во општина Аеродром. Објектот ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри, со продажен простор од 1.200 квадратни метри.
Почетокот на изградбата го означија премиерот Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, в.д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, претставничката на „Лидл“, Милена Драгијска-Денчева и уште неколкумина претставници на компанијата.