Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Нов тендер за привремени вработувања во Тетово, имињата остануваат „тајна“
    Македонија

    Нов тендер за привремени вработувања во Тетово, имињата остануваат „тајна“

    03/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Општина Тетово објави уште еден нов тендер за привремени вработувања, иако за оваа година склучи договор со приватна агенција во вредност од 34,9 милиони денари. Имињата на вработените преку приватната агенција остануваат „тајна“, градоначалникот на општината Билал Касами вели дека не можат да ги објават имињата на вработените, а дека податоците можат да се добијат преку Законот за пристап до информации од јавен карактер, пишува Порталб.мк.

    Од 2022 до 2025 година Општина Тетово, заедно со јавните претпријатија „Тетово Транспорт“ и „Шари“, потрошиле над 1,6 милиони евра за договори за привремено вработување преку приватната агенција за вработување „Џоб 2011“,

    Иако биле платени со јавни пари, јавноста не знае каде завршиле овие пари.

    Во меѓувреме, Општина Тетово на 15 август 2025 година повторно објави нов тендер за привремени вработувања, чиј јавен повик заврши вчера (1 септември 2025 година) во 11:00 часот.

    Фото: Принтскрин од e-nabavki.gov.mk

    На прашањето зошто не ги објавуваат имињата на вработените преку приватната агенција, градоначалникот на општината, Билал Касами, вели дека во рамките на Законот за пристап до информации од јавен карактер може да се добијат информации за секој вработен во Општина Тетово, без разлика дали е вработен на определен или на неопределено време.

    Меѓутоа, кога претходно Порталб.мк ги побара овие податоци, од Општина Тетово  не дадоа одговор.

    „Ќе добиете како информација сè што е дозволено според законот “, рече Касами. На прашањето зошто не ги објавуваат податоците, Касами рече дека не можат да го направат тоа.

    „Не можеме да ги објавиме имињата на вработените во општината, па затоа ги објавуваме имињата на оние кои се одговорни за одредени сектори и одделенија, но она што законот не го дозволува за објавување на сите имиња, не можеме да го објавиме, како новинар
    можете да се интересирате за секој вработен, дали е вработен, каде е вработен и дали доаѓа на работа за да можеме да ви дадеме конкретни информации“, рече Касами.

    За овие податоци  Порталб.мк  поднесе барање до Општина Тетово преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, при што општината мора да одговори во законскиот рок од 20 дена.

    Потсетуваме дека пред неколку дена Порталб.мк ги анализирање договорите за привремени вработувања на порталот за јавни набавки, при што откри дека Општина Тетово, заедно со ЈПК „Тетово Транспорт“ и ЈКП „Шари„ за четири години потрошиле вкупно 102.378.130 милиони денари за привремени вработувања преку Приватната агенција Џоб 2011, што е околу 1.663.826 евра.

    Вработувањата преку приватната агенција „Џоб 2011“ во Општина Тетово Податоците се прикажани во денари Општина Тетово ЈКП „Тетово Транспорт“ ЈКП „Шари“ Вкупно: 102.378.130 денари 1.663.826 евра

    За овие вработувања критики имаше од Подобро за Тетово  и од Демократската Унија за Интеграција.

    А по прашањата доставени од Порталб.мк, Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за овие одговори.
    Актуелниот градоначалник на Општината, Билал Касами, пред да дојде на чело на општината вети отчетност и транспарентна општина, што е и дел од изборната програма за Тетово 2021-2025, каде што меѓу другото се нагласува: постојана отчетност за трошењето на јавните средства, постапките на администрацијата да бидат проверливи преку интернет за граѓаните и за другите.

    И покрај ветувањата за транспарентност, Општината не ги објави имињата на вработените во Општина Тетово преку Агенцијата за вработување „Џоб 2022“, тие во неколку случаи објавија само податоци за договорите што се во сила, честопати по притисокот од јавноста и медиумите.

    Previous ArticleПедро Санчез: Двојните стандарди за Газа и Украина може да ја поткопаат глобалната позиција на Западот
    Next Article (Фото-вест) Премиерот фрли лопата на камен темелник на нов маркет „Лидл“ во Ново Лисиче

    Поврзани вести

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.