Последен што требаше да замине во Париз беше поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски, но одлуката за неговото именување од март 2022 година беше повлечена.
Николов е нефролог кој бил на стручен и научен престој во болницата Некер во Париз, во лабораторија на Клиниката за нефрологија. Во 2009 година завршил докторски студии на Медицинскиот факултет при Универзитетот Пјер и Марија Кири во Париз.
Николов е поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Централна комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.