Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»СДСМ обвинува за хаос во образованието: Не е точно дека има учебници за сите ученици
    Македонија

    СДСМ обвинува за хаос во образованието: Не е точно дека има учебници за сите ученици

    04/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Министерката Весна Јаневска ветуваше дека сите оновци и средношколци стартуваат со учебници по сите наставни предмети. Но, тие или недостасуваат или децата воопшто ги немаат, а и тие што ги имаат се искинати, распарталени или половични, обвини денеска опозициската СДСМ.

    „За четврто и за петто одделение речиси и да нема учебници. Во седмо нема физика, математика и учебници по странски јазици. По Историја нема учебник, а на вибер е споделен електронски за да си го принтаат родителите“, велат во СДСМ.

    Фото: СДСМОттаму реагираат и за недостиг на учебници во средното образование.

    „По стручни предмети нема учебници, како на пример во економско-правната и трговска струка, струката за административно работење. Министерката толку брзо заборави дека лани таа китикуваше за доцнењето на учебниците и дека со месеци ветуваше нови изданија. Јаневска го претстави и новиот е-дневник, а системот е блокиран и нефункционален, наставниците не можат да внесуваат податоци, немаат пристап. Затворен е стариот е-дневник, а не се знае што се случило со податоците“, реагираат во СДСМ.

    На ова реагираа и во МОН, од каде што поттврдуваат дека сепак не се сите учебници испорачани поради тоа што на дистрибутерите им требало уште неколку дена.

    „Најголем дел од тиражот, над 90 отсто од учебниците се испорачани, а на дистрибутерите им се потребни уште неколку дена за да ја заокружат целосно испораката. Понатаму, планот за распределба на учебниците кон ученици го прават училишните раководства и персоналот“, стои во реакцијата на МОН.

    Пред четири денови, во изјава Јаневска кажа дека ќе има учебници по сите предмети од прво до деветто одделение, како и од прва до четврта година средно за сите ученици.

    „Во средното стручно образование лани имавме стотина печатени, годинава 50 нови наслови и 50 поставени онлајн за да можат учениците да учат. Јас на оваа тема оваа година би ѝ ставила крај. Иако имаше проблеми во изминатите седум години со учебниците, со волјата и упорна работа покажавме дека можеме. Од следна година нема потреба веќе да има дискусија за нови учебници“, рече Јаневска.

    Previous ArticleДЗР: Нема замена за енергијата од јаглен, зелената транзиција е голем финансиски и технички предизвик
    Next Article Граѓаните протестираат, а депонијата Вардариште и денеска гори, реагираат од „Независни заедно“

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.