Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»ДЗР: Нема замена за енергијата од јаглен, зелената транзиција е голем финансиски и технички предизвик
    Македонија

    ДЗР: Нема замена за енергијата од јаглен, зелената транзиција е голем финансиски и технички предизвик

    04/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Термоелектраните, како најголеми производители на електрична енергија, но и најголеми загадувачи кои треба да се затворат до 2030 година, сè уште немаат соодветна замена, бидејќи ЕСМ нема изградено нови производствени капацитети. Електрична енергија на ЕСМ се продава на универзалниот снабдувач по цена пониска од производствената, предизвикувајќи загуби во работењето на компанијата и ја доведува во прашање реформската и зелената транзиција. Од друга страна, МЕПСО се соочува со барања за поврзување со преносната мрежа кои не може да ги одобри од техничка перспектива. Проектот за изградба на 400 kV далновод кон Албанија во рамките на Коридорот 8, како регионален проект на Енергетската заедница, започнат во 2015 година, е во застој.

    Ова се главните поенти на најновиот извештај на Државниот завод за ревизија кој спроведе ревизија за зелената транзиција и промоцијата на обновливи извори на енергија.

    Државата како договорна страна на Енергетската заедница, постави цел да постигне 38 отсто од обновливите извори на енергија во бруто финалната потрошувачка на енергија до 2030 година, но енергетската транзиција како стратешки приоритет на државата се соочува со предизвици особено за обезбедување на финансиски средства како и со технички ограничувања и изградба на нови капацитети.

    Со спроведената ревизија, беше утврдено дека се спроведуваат реформи за декарбонизација и реформи на пазарот на електрична енергија, кои се стратешки планирани, создадена е инвестициска платформа за фер енергетска транзиција, но овие активности не се доволни доколку енергетските компании не обезбедат услови за нивно спроведување.

    Ревизорите утврдиле дека ЕСМ нема изградено големи енергетски капацитети подолг временски период и се соочува со неповолна финансиска состојба. Електраната Осломеј 3 со капацитет од 100 MW е изградена преку јавно-приватно партнерство, како и електраната Осломеј 1, која не е во функција.

    „Клучниот документ за постигнување на целите за енергија и клима е Планот за енергија и клима, одобрен во 2022 година од страна на Владата. Овој план ги дефинира целите за намалување на емисиите на стакленички гасови за 82 отсто во споредба со 1990 година, затворање на електраните на јаглен и учество на обновливи извори на енергија во финалната потрошувачка со стапка од 38 отсто до 2030 година. Сепак, се покажа дека не се подготвени извештаи за следење на спроведувањето на планот, поради што недостасува следење на спроведувањето на политиката и постигнувањето на целите“, стои во извештајот.

    Државата мора да ги затвори термоелектраните до 2030 година, кои се сè уште најголеми производители на електрична енергија, со учество од 38,4% од вкупното производство во 2024 година, а воедно и најголеми загадувачи што испуштаат CO2 во воздухот. Продажба на 100% од производството на електрична енергија на ЕСМ на универзалниот снабдувач по цена пониска од производството, предизвикува загуби во работењето на компанијата, иако продажната цена што универзалниот снабдувач ја плаќа на повластените производители и на слободниот пазар е значително повисока од цената што се плаќа на ЕСМ, констатираат ревизорите.

    Извештајот нотира дека изградбата на реверзибилната хидроцентрала Чебрен и акумулацијата Орлов Камен се од клучно значење за земјата, поради  обезбедување електрична енергија во периоди кога побарувачката е најголема и зголемување на учеството на обновливи извори во производството на ЕСМ од 25 на приближно 45 отсто, како и заради намалување на емисиите на јаглероден диоксид за 200.000 тони годишно.

    Previous ArticleВучиќ се сретна со претседателот на Кина Си Џинпинг: „Челични Пријатели“
    Next Article СДСМ обвинува за хаос во образованието: Не е точно дека има учебници за сите ученици

    Поврзани вести

    Министерството за животна средина соопшти дека немало истекување на линдан во ОХИС

    26/10/2025

    Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

    25/10/2025

    Од домашно прозводство покриена 93,2 отсто од потрошувачката на струја во август

    24/10/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    (Видео) Кети Пери и Џастин Трудо ја потврдија својата врска со романтичен состанок во Париз

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.