Пехчево денеска го одбележува општинскиот празник 7ми Септември ослободувањето. Повеќе делегации положија цвеќе пред споменикот на Ванчо Китанов на градскиот плоштад во Пехчево.
Градоначалникот Александар Китански на сите граѓани на Општина Пехчево им упатува честитки нагласувајќи дека ова е еден од најсветлите датуми во историјата на Пехчево.
“7-ми Септември е круна на вековниот стремеж на нашиот народ за слобода. Ние денеска водиме мирнодобски битки со цел подобрување на условите за живот со осврат на сите постигнати резултати”.
После положувањето на свежо цвеќе на споменикот на Ванчо Китанов на плоштадот Свети Петар и Павле во Пехчево се оддржа свечената седница на Советот на општината. Која се оддржа во домот на културата “Јане Сндански”, а во нејзините рамките се доделија и благодарници на заслужни граѓани, здруженија и компании кои дадоа несебичен придонес за развој на заедницата.


