Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    Попоски предупредува: Силен циклон носи невреме и поројни дождови, локално можни и над 200 литри

    Доаѓа „ИНА“: Весна Мојсова-Чепишевска со прва книга за деца и хероина што го менува погледот

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Вучиќ не разбира што е демократија, Марта Кос одговори на навредите од српскиот претседател
    Свет

    Вучиќ не разбира што е демократија, Марта Кос одговори на навредите од српскиот претседател

    09/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Еврокомесарот Марта Кос остро реагираше на навредите што српскиот претседател Александар Вучиќ ги упати до членовите на Европскиот парламент, кои се појавија на протестот во Нови Сад во петокот. Таа рече дека ваквите напади откриваат сомнително разбирање на демократијата и јасно стави до знаење дека Србија со вакви потези дополнително го урива својот меѓународен углед.
    „Имаме проблем во Белград“, рече Кос по средбата со австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер во Виена.

    „Кога членовите на Европскиот парламент се нарекуваат ѓубре, тоа открива сомнително разбирање на демократијата. Изјавите на претседателот Вучиќ и претседателката на Собранието Брнабиќ против ЕУ, исто така, нема да го подобрат угледот на Србија во Европа,рече Кос.

    Комесарот ги потсети властите во Белград на обврските што ги презедоа пред претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и пред неа лично.

    „Советот за српската влада е јасен – фокусирајте се на реформите што се ветени. Ова значи независно судство способно да се бори против корупцијата, слободни и независни медиуми и изборен закон што гарантира дека само волјата на граѓаните одлучува за мнозинството во парламентот“, рече Кос.

    Таа додаде дека граѓаните имаат право да протестираат, но дека насилството на улиците и актите на вандализам мора да престанат, со очекување дека полицијата ќе дејствува соодветно и со целосно почитување на основните права.

    Вучиќ ги нарече членовите на Европскиот парламент кои присуствуваа на протестот во Нови Сад ѓубриња и ги обвини за брутално мешање во внатрешните работи на Србија. Вичиќ се закани дека сите оние кои, како што рече, се обидуваат да ја уништат Србија однадвор, ќе бидат гонети во согласност со законите.

    Previous Article„Гола месечина“ 12. пат во Аеродром од 10 до 13 септември
    Next Article Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

    Поврзани вести

    СЗО бара информации дали во Сибир има и втор заболен од Иститутот за истражување на чума, Русија вели тоа се дезинформации

    08/10/2026

    САД и Русија преговараат за американски инвестиции во гасоводот „Северен тек“

    08/10/2026

    Марта Кос: ЕУ планира секоја нова земја членка да има пробен период од 15 години

    07/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    Попоски предупредува: Силен циклон носи невреме и поројни дождови, локално можни и над 200 литри

    Доаѓа „ИНА“: Весна Мојсова-Чепишевска со прва книга за деца и хероина што го менува погледот

    СЗО бара информации дали во Сибир има и втор заболен од Иститутот за истражување на чума, Русија вели тоа се дезинформации

    НАЈЧИТАНИ

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    Собранието ќе ја одржи 125. седница – ќе се разгледуваат предлог-закони за јавната администрација, минимална плата

    07/10/2026

    Холандска делегација во посета на Собранието

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.