Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Муцунски во Стразбур ги одбележа Денот на независноста на Македонија и 30 години членство во Советот на Европа
    Политика

    Муцунски во Стразбур ги одбележа Денот на независноста на Македонија и 30 години членство во Советот на Европа

    10/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во обраќањето, министерот Муцунски потсетил на значењето на 8 септември 1991 година, кога македонските граѓани „во еден глас се изјаснија на референдумот, определувајќи се за независна и суверена држава – кулминација на вековните стремежи на македонскиот народ за самоопределување и достоинствен живот во сопствената татковина.“

    Тој истакнал дека денес Македонија е препознатлив и ценет актер на меѓународната сцена.

    „Како членка на Обединетите Нации, Советот на Европа и горда членка на НАТО, активно придонесуваме за глобалниот мир и безбедност. Продолжуваме со борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе и шверцот на дрога – области во кои нашиот придонес е препознаен и ценет од меѓународните партнери“, нагласил министерот Муцунски.

    Особено била потенцирана улогата на Советот на Европа.

    „Во 2025 година ја одбележуваме 30-годишнината од нашето пристапување во Советот на Европа – организација која беше и останува витален партнер во поддршката на нашиот демократски развој, напредокот на правните реформи и зајакнувањето на институциите. Горди сме на длабоката, динамична и продуктивна соработка која зборува за сеопфатните и стратешки важни односи“, додал тој.

    Министерот Муцунски говорел и за европската перспектива и придонесот кон европската стабилност.

    „Нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија продолжува со решителност и надеж. Подготвени сме да придонесеме, како рамноправни, за стабилноста, просперитетот и споделените вредности на Унијата. Ние не сме само млада европска демократија – ние сме народ со богата историја, силен дух и јасна визија за иднината“, потенцирал министерот Муцунски.

    Previous ArticleМицкоски за ДВ: Време е да се стави крај на злоупотребата на тајните служби и да се испрати порака дека тие не се посилни од државата
    Next Article Мицкоски: Чадот од Дрисла се гледа, но нема загадување на воздухот, ако не сакаме проблеми со отпадот ни требаат модерни депонии

    Поврзани вести

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    29/05/2026

    Димитриевски: СДСМ го водат необољшевици кои се обидуваат своите проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29/05/2026

    Мицкоски го чека предлогот на Мерц, како Македонија постепено би влегла во ЕУ

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.