Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Чарли Шин: Во целибат сум речиси 10 години

    Шабан Салиу кандидат за градоначалник на Шуто Оризари

    „Сарказам 101“ во режија на Џикиќ: Јас сум Србин, доаѓам од земја која е позната по совршен мир!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Пратениците денеска во надзор на АНБ, утре во АР
    Политика

    Пратениците денеска во надзор на АНБ, утре во АР

    10/09/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска  на почетокот на седницата нагласи дека нема да гласа за оваа точка, бидејќи како што рече, во мандатот на новиот директор на АНБ има злоупотреби и дека се повторува праксата пратениците од опозицијата да не можат да добијат безбедносен сертификат – државна тајна.

    „Конкретно јас пред повеќе од шест месеци имам поднесено барање за безбедносен сертификат државна тајна иако Законот за класифицирани информации децидно предвидува дека треба да добијам одговор во рок од шест месеци, јас немам добиено одговор на моето барање. Не знам дали тоа е можеби од некој политички реваншизам, затоа што Левица прва го обелодени скандалот со дипломата на директорот на АНБ, па сега поради тоа јас не можам да ја вршам мојата пратеничка функција“, истакна Мојсоска.

    Членот на Комисијата и пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска, истакна дека како претставник на СДСМ и опозицијата ќе го поддржи надзорот на АНБ и АР.  Потенцира дека е должна да ја извести јавноста дека класифицираните информации, доколку Агенцијата остане на ставот дека истите не треба да бидат класифицирани, нема да можат да бидат поделени деталите со јавноста.

    „Нема да можеме да дадеме одговор на десетиците прашања, кои изминатиов период со право беа поставувани од разни чинители. Но, сепак и во такви услови, реков дека ќе учествуваме во надзорот на АНБ и Агенцијата за разузнавање… Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух, да изврши деласификација или делумна декласификација, сè во интерес за да можеме во детали да ѝ соопштиме на јавноста“ кажа пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска во изјава за медиумите,.

    Таа истакна дека лично  веќе има подготвено околу триесетина прашања кои ќе ги упати во надзорот, во интерес на расчистување на овој случај.

    „Едно од тие прашања кои ќе ги поставам, а за жал ако состанокот ќе биде класифициран, нема да може да ви го дадам јас одговорот,  е што се случило со полиграфистот кој се посочува, барем во брифинзите кои ги има дел од јавноста, како клучен, односно тој кој ги спровел полиграфските тестирања. Дали е тој сè уште на работа,  дали заминал, дали заминал под притисок итн? Што се случило со шефот на внатрешната контрола, зошто тој бил сменет? Според мои информации, можеби не е вистина, но зошто тој бил сменет непосредно пред да започне оваа внатрешна истрага во агенцијата и така натаму?

    Тоа се многу прашања кои, кои како што реков, се во интерес на овој надзор и обезбелоденување на вистината околу овој таканаречен скандал“, рече Петровска.

    Со Комисијата претседаваше пратеникот Блерим Беџети. Членовите на Комисијата покрај надзорот во АНБ за утре во 12 часот донесоа одлука да ја посетат Агенцијата за разузнавање.

    „Нека појдат пратениците во сите агенции, и во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и  Агенцијата за разузнавање (АР), кажав што имав да кажам, нема што повеќе да зборувам“,  изјави премиерот Христијан Мицкоски, при денешниот увид на проекти во Гази Баба, одговорајќи на новинарско прашање што очекува од посетата на пратениците на АНБ по наводите за негово незаконско прислушување како опозициски лидер, новинари и бизнисмени, како и за коментар на барањето на опозицијата да се декласифицираат податоците.

    Седницата на Комисијата беше свикана на предлог на пратеникот Љупчо Пренџов откако во јавноста излезе информација дека АНБ во периодот од 2019 до 2024 година го прислушувала премиерот Христијан Мицкоски, тогашен опозициски лидер, новинари и бизнисмени.

    Директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски во изјава за медиумите рече дека целата документација е испратена во Обвинителството, а премиерот Мицкоски неколкупати досега изјавуваше дека очекува Обвинителството да постапи.

    Од опозицијата бараат декласификација на документацијата, а на прес-конференции, како што најавија, ќе ја објавуваат вистината за случајот АНБ.

    Премиерот Мицкоски во неговиот говор на централната прослава по повод Денот на независноста рече дека не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, туку вистинското прашање е како да се спречат злоупотребите. Според Мицкоски, мора да има одговорност.

    „Се следи и прислушкува од 90-тите години. И една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем не само што уништуваат генерации луѓе, туку и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат и човечки судбини, најчесто и измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи кои не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот од моето следење“, рече Мицкоски.

    Previous ArticleМлади од седум држави ќе ја раскажат приказната на Стоби користејќи дигитални алатки
    Next Article Претседателката на ЕК смета дека е време ЕУ да се ослободи од оковите на консензусот

    Поврзани вести

    Шабан Салиу кандидат за градоначалник на Шуто Оризари

    11/09/2025

    Локални избори 2025: На полноќ завршува рокот за увид во Избирачкиот список

    11/09/2025

    Муцунски во Стразбур ги одбележа Денот на независноста на Македонија и 30 години членство во Советот на Европа

    10/09/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Чарли Шин: Во целибат сум речиси 10 години

    Шабан Салиу кандидат за градоначалник на Шуто Оризари

    „Сарказам 101“ во режија на Џикиќ: Јас сум Србин, доаѓам од земја која е позната по совршен мир!

    Македонскиот народен театар со „Жива досада“ гостуваа на фестивалот во Штип

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.