Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Повторно редици пред студентскиот дом „Гоце Делчев“, од дигитализацијата нема абер
    Македонија

    Повторно редици пред студентскиот дом „Гоце Делчев“, од дигитализацијата нема абер

    09/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Со документи, торби и куфери во раце, стотици студенти денеска чекаа ред пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да можат да се вселат во нивните соби. И годинава како и минатите, вселувањето и приемот не се дигитализирани, па примените станари се принудени физички да чекаат ред со часови, додека стасаат до своите легла.

    Мета поразговара со некои од студентите, кои рекоа станале во 4 часот за да стасаат на време.

    „Сите овие студенти што ги гледате овде, чекаат ред само за да земат документи. Нè чинеа 500 денари. Откако ќе ги земеме, треба да ги пополниме и да ги однесеме кај управникот. Цело утро сум овде, многу бавно се одвива сè. Лани стасав на ред дури во 18 часот навечер, а чекав од 9 утрото. Добредојдовте во Македонија“, револтирано ни кажа една студентка.

    Фото: Мета.мк

    Меѓу нив имаше и студенти кои биле одбиени, па беа дојдени да поднесат приговори.

    „Јас сум дете на самохран родител и не знам од кои причини сум одбиен за вселување. Дојдов да поднесам приговор бидејќи ме ставиле на списокот за во „Пелагонија“, иако јас таму сместување не побарав“, ни рече студент од Битола.

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by META.MK (@meta_mk)

    Засега нема план за дигитализирање на целиот процес на вселување. Александар Каровски, директорот на Државниот студентски дом – Скопје, под чија капа е „Гоце Делчев“, како и „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ (кои не примаат студенти поради реновирање), вели дека разговарал со студентите за дигитализација, но засега нема ништо ново.

    „Разговаравме за ова со студенти од ФИНКИ, но тоа е поголем зафат, тешко е за кратко време да се направи таков систем. Лично мислам дека треба да се покрене тоа прашање. Така би се аплицирало полесно. Најголем проблем е што студентите аплицираат во МОН, а ние сме одговорни за сместувањето. Ако ние го вршиме приемот, сè ќе биде поедноставно. Во однос на дигитализирање на целиот процес, се плашевме дека ако не е добро направен, може да се случи да се блокира. За ова треба да се седне и да се разговара и со студентите и со одговорните во МОН“, вели Каровски за Мета.

    На 9 мај 2022 година, одговорните во Државниот студентски дом – Скопје најавија целосна дигитализација на студентската евиденција. Сепак, оваа новина сè уште не е воведена.

    „Уписот во студентски дом ве асоцира на чекање во долги редици, обемна документација и безброј банкарски уплатници? Отсега, истото ви е достапно со само неколку клика на нашата еко-веб страна: www.dsdskopje.mk при почеток на академската година. Овозможуваме целосна дигитализација на студентската евиденција!“, стои во нивната објава на Фејсбук од 2022 година.

    Вселувањето во државните и приватните студентски домови за студентите од втора и повисоките години ќе трае во наредните десет дена.

    Previous ArticleУтре во Јуроп Хаус ќе се одржи Промоција на Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија
    Next Article Поскапуваат бензините и дизелот

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.