Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Потпишана нова рамка за соработка на Македонија со Обединетите нации
    Политика

    Потпишана нова рамка за соработка на Македонија со Обединетите нации

    11/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Како што соопшти МНРиНТ, приоритетите на коишто ќе се работи во периодот од 2026 до 2030 година се инклузивен социјален и човечки развој; одржлива економија и достојна работа; отпорно и зелено општество и екосистеми; владеење на правото и добро управување.

    Рамката за соработка е клучен стратешки документ кој ќе го води работењето на сите агенции на ОН во земјата во наредните пет години. Тој се надоврзува на досегашната соработка меѓу ОН и Владата и претставува основа за блиски партнерства меѓу националните и меѓународните партнери за унапредување на постигнувањата од Националната стратегија за развој (NDS) 2024–2044, процесот на интеграција во Европската унија и Агендата 2030 (Целите за одржлив развој).

    „Рамката за соработка е клучен стратешки документ кој го води работењето на сите агенции на ОН во земјата во наредните пет години. Документ на кој сите сме многу горди! Сите активности предвидени во новиот рамковен договор за соработка се комплементарни и во функција на европската интеграција на нашата земја. Новата рамка за соработка е развиена во тесна соработка со Владата, следејќи обемен консултативен процес со различни институции и организации, со што се потврдува инклузивноста на процесот. Нашата Влада ќе продолжи да работи блиску со ОН за постигнување на поодржлив развој и ќе остане цврсто посветена на градење на просперитетно и инклузивно општество, создавајќи услови за посветла и поздравa иднина за сите наши граѓани“, истакна Муцунски, се посочува во соопштението.

    Рамката за соработка на ОН претставува заедничка понуда на ОН во поддршка на националните развојни приоритети на Владата на Македонија.

    „Новиот договор за соработка е резултат на нашата заедничка визија со Владата, обликувана од вредни увиди од граѓанското општество, академската заедница и луѓето од секој агол на нашата заедница. Овој договор ја претставува нашата заедничка посветеност кон подобрување на животот на сите во земјата. Заедно утврдивме четири клучни приоритети што се меѓусебно поврзани и дизајнирани да се поддржуваат. Овие приоритети се усогласени со Националната стратегија за развој и ја претставуваат обединетата заложба за напредок на одржливиот развој, без да се остави никој зад себе. ОН ќе работи рамо до рамо со народот на Македонија за создавање на посветла иднина за сите!“, рече Рита Колумбија, постојан координатор на ОН.

    Previous Article(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг
    Next Article Ер трактор ќе исфрла пена врз Дрисла, Вардариште добива агенција за обезбедување

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.