Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Тие чекаа среќа со години: Сега товарот паѓа од нивните рамена засекогаш

    Цената на нафтата се доближи до 100 долари за барел

    (Фото) Кралицата на раскошните облини се разголи: Ги почасти обожавателите со жешки фотографии за својот 60-ти роденден

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Поднесено обвинение против тројцата што откупувале старо железо на Вардариште
    Македонија

    Поднесено обвинение против тројцата што откупувале старо железо на Вардариште

    11/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе обвинение против три лица кои пет години откупвале старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење дејност за управување со отпад.

    Тие ќе одговараат за загрозување на животната средина и природата со отпад затоа што на Вардариште оставале, фрлале и непрописно транспортирале отпад, со што создале диви депонии, кои биле констатирани кога настана пожарот. Тие со своите активности влијаеле врз квалитетот на почвата и воздухот и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето, посочуваат од Обвинителството.

    Јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на притворот за сите тројца.

    Во врска со причините за настанување на пожарот на Вардариште, Обвинителството информира дека издава и повеќе наредби за да се откријат и други сторители на кривични дела. Во финална фаза се и вештачењата за сомненијата за загрозување на животната средина со отпадни материи за постапката која се води против две лица од Шуто Оризари, кои подолг временски период, складирале поголемо количество отпадно железо, електронски отпад, делови од стари автомобили, шасии од стари отпадни возила и друго на локација за која немале дозвола.

    На 9 јули, на таа локација беше предизвикан неконтролиран пожар на целата маса од складираниот отпаден материјал, а поради обемот и опасноста пожарот не можеше веднаш да биде ставен под контрола. При согорувањето на отпадниот материјал беа испуштени чад, пепел и штетни гасови во амбиенталниот воздух и беше предизвикана опасност за животот и здравјето на луѓето од поголеми размери. По анализа на вештачењата во корелација со сите други прибрани докази, јавниот обвинител ќе донесе одлука и во однос на овој предмет.

    За настанатиот пожар на депонијата „Дрисла“ до овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е поднесено известување или кривична пријава од надлежни органи, но од обвинителството информираат дека ја следат состојбата и доколку утврдат дека има нови кривични дела ќе постапуваат.

    Previous ArticleОбединетото Кралство се залага за правата на жените и девојчињата во Западен Балкан
    Next Article Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

    Поврзани вести

    Рубио со честитка за 35 години независност: „САД се горди што стојат покрај Северна Македонија“

    08/09/2026

    ВЛЕН: Македонија создава подобри услови за инвестиции и нови работни места

    08/09/2026

    Николоски: На денот на независноста, охридскиот аеродром доби нов модерен лик

    08/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Тие чекаа среќа со години: Сега товарот паѓа од нивните рамена засекогаш

    Цената на нафтата се доближи до 100 долари за барел

    (Фото) Кралицата на раскошните облини се разголи: Ги почасти обожавателите со жешки фотографии за својот 60-ти роденден

    Силјан: Орденот се носи на градите. Слободата се носи како одговорност

    НАЈЧИТАНИ

    (Фото) НАЈВАЖНИТЕ ДАТУМИ ВО 35 ГОДИШНАТА САМОСТОЈНОСТ

    08/09/2026

    Општина Пехчево го одбележа 7 Септември – Денот на ослободувањето

    07/09/2026

    Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат

    05/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.