Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Проф. д-р Ѓорѓев: Отровите од чадот од Дрисла предизвикуваат анемија, белодробни и срцеви болести
    Македонија

    Проф. д-р Ѓорѓев: Отровите од чадот од Дрисла предизвикуваат анемија, белодробни и срцеви болести

    11/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Mетанот и другите штетни гасови кои се испуштаат во услови на чад или пожар, покрај негативните ефекти кои ги имаат врз белите дробови, навлегуваат во крвта, па прават оштетувања во крвниот систем, односно го пометуваат хематолошкиот систем, предизвикуваат анемии, срцеви болести. На ова предупредува професорот по здравствена екологија, проф. д-р Драган Ѓорѓев, откако веќе со денови низ Ново Лисиче и Аеродром, а од денеска и низ повеќе други скопски општини, населението дише чад поради пожар на депонијата Дрисла.

    Професорот за Мета предупредува дека согорувањето придонесува за создавање голема количина на различни хемикалии во воздухот, кои сериозно му штетат на здравјето на човекот.

    „На Дрисла се одлага класичниот комунален отпад, но сега имаме загадување кое е  неповолно и по однос на мирис и на зголемена концентрација на честички и гасови кои влијаат на белодробниот систем, но и на сите органи кај човекот. Не постои орган кој не е погоден од аеорозагадувањето. Овие емисии само дополнително прават проблем, бидејќи одбранбениот систем кај луѓето што живеат во Скопје и онака е веќе ослабен. Ние и онака живееме во една акутна состојба на загадување, па само уште ова ни фали“, вели проф. Ѓорѓев.

    Деца, старите лица и хронично болните, се групите граѓани кои се во првиот ред загрозени од аерозагадувањето.

    „Токсините од чадот навлегуваат во крвните садови, таргетираат органи. Луѓето кои живеат близу се озложени на поконцентриран и погуст тип на чад. Примарно, штетните честички навлегуваат во белодробието, но преку него влегуваат во крвни садови, а освен на крвниот, може да направат проблеми и во кардиоваскуларниот систем. Ефектите од аерозагадувањето на кое сме изложени, ги следиме преку смртноста, односно, 18 отсто од смртноста на населението во нашата земја се поврзува со аерозагадувањето“, предупредува проф. Ѓорѓев.

    Чаре – купете си пречистувач на воздух и затворете се дома

    Постојат мерки против аерозагадувањето кои надлежните не ги преземаат ниту конкретно кога има потреба, ниту континуирано, додава професорот.

    „Секој може нешто да направи, ние како граѓани можеме, но во конкретниот случај мерки треба да преземе менаџментот на депонијата, треба да се види дали имаат план за делување во вакви случаи. Во Скопје и во други градови, пречистувачите на воздух ги предлагавме пред неколку години, но коа гледаме дека нема речиси никакви мерки што го намалуват аерозагадувањето, тогаш ни останува да си купиме пречистувач на воздух и да се затвориме дома“, вели Ѓорѓев.

    На надлежните да им стане воздухот приоритет  

    Професорот порачува дека мерките кои ги има на хартија, конечено да им станат приоритет на одговорните власти, посебно во Скопје.

    „Треба да разберат дека не е ништо поприоритетно од аерозагадувањето. Тоа го погодува целото население – деца, стари лица. Имаме голем број на смртни случаи. Многу пари даваме за лечење на болните, имаме како држава многу економски и здравствени трошоци. Има ли поголем доказ од сето ова, кој укажува дека неопходно е решавањето на аерозагадувањето да стане највисок приоритет?“, прашува Ѓорѓев.

    Мета лани објави дека во Македонија годишно има 3.828 смртни случаи кои можат да се припишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ2.5 честички, што е 17.7 отсто од вкупната смртност во државата. Ова е наведено е во најновиот извештај насловен „Аерозагадувањето во Р.С. Македонија и ризици по здравјето“, кој го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Согласно наодите во извештајот, проценето е дека 195 смртни случаи заради исхемична срцева болест (ИСБ), се припишуваат на тековното ниво на аерозагадување, што претставува 18,1 отсто од вкупната смртност заради ИСБ во Македонија. Во однос на мозочниот удар како селектиран здравствен исход, дури 378 смртни случаи годишно можат да се припишат на аерозагадувањето.

    Previous ArticleЗХГ: За Дрисла веќе имаше јавно-приватно партнерство што заврши со криминалци што увезуваа отпад
    Next Article (Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

    Поврзани вести

    Снег на патиштата и во градовите, забрана за движење на камиони на Стража, Ѓавато и Пресека, како и на делниците Маврово-Дебар и Струга-Ќафасан

    21/01/2026

    Мицкоски: Развојот на економијата мора да се темели на инвестиции во енергетиката

    21/01/2026

    Судијата ги криел парите во ѕид зад кујнските плочки

    20/01/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Најдоброто од „Киненова“ од денеска во Кинотека

    НАЈЧИТАНИ

    Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец

    14/01/2026

    СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

    17/01/2026

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    15/01/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.