ЗЕГИН ОПЕН 2025 – Берово станува пинг-понг престолнина со рекордни 18.000 евра награден фонд!
Во срцето на Малешевијата, каде што планинскиот воздух го буди духот, а природата нуди спокојство и инспирација – од 12 до 14 септември 2025, Берово повторно ќе пулсира во ритамот на пинг- понгот!



ЗЕГИН ОПЕН – турнирот кој го освои регионот – оваа година по четврти пат ќе ги отвори вратите за стотици натпреварувачи од Македонија и пошироко. И не само тоа: 2025 носи ново поглавје, со најмногу категории досега и најголем награден фонд – вкупно 18.000 евра, што го прави ЗЕГИН ОПЕН еден од најбогатите и најпривлечни пинг-понг турнири на Балканот!
Малешевија – повеќе од турнир
Ова не е само спортски настан. Ова е доживување. Со секој форхенд и бекхенд, со секоја освоена топка – се слуша шумата, се чувствува планината, се гледа езерото, се дише Берово. За сите гости, турнирот нуди и вистинска разгледница од природа, култура и автентично гостопримство.






