Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

    Кога твојот тим ќе води со 3:1 а на крај ќе загуби, се случува ова…. (ВИДЕО)

    Слот се најде во незавидна ситуација: На „Енфилд“ се појавија нови проблеми

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Ќоку го демантираше Касами, а потоа – себеси, српска донација за гимназијата или таен план за изградба на црква во Тетово?
    Македонија

    Ќоку го демантираше Касами, а потоа – себеси, српска донација за гимназијата или таен план за изградба на црква во Тетово?

    12/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Донацијата од 800 илјади евра од компанија од српско потекло за реконструкција на двете стари објекти на тетовската гимназија, е проследена со полемики дека станува збор за таен договор за изградба на црква во Тетово, пишува „Порталб“.

    Како што пренесува „Порталб“, ова го потврди синоќа пратеникот од ВЛЕН, Беким Ќоку, а потоа се извини и рече дека станува збор за грешка. Во едно интервју за Алсат, координаторот на пратениците на ВЛЕН, Беким Ќоку, на прашањето за примената донација од една српска компанија во Тетово, тој потрврди дека донацијата е за црквата.

    „Поголем проблем е Дака Давидовиќ, кој е на црната листа и кој го направи целиот тој пазар со Теута Арифи, тогашната градоначалничка на општината и стана близок пријател на Муса Џафери и целата структура на ДУИ, отколку донацијата што беше дадена за црквата“, рече Ќоку.

    Откако неговата изјава предизвика доста врева во јавноста, Ќоку се демантираше себе си.

    „Мојата изјава во интервјуто за Алсат, исто така и поради динамиката на интервјуто, дека имало донација за црквата во Тетово е дезинформација. Таква донација не постои и ова е факт кој може да се провери. Проверливата вистина е дека имало една донација за реконструкција на училиште дадена од компанија регистрирана на територијата на Северна Македонија“, напиша Ќоку.

    Уште од самото пристигнување на оваа донација во Тетово почнаа да се шират гласини дека оваа донација има друга позадина, изградбата на црква во Тетово. На 21 јули, за време на почетокот на работите за реконструкција на старите објекти на тетовската гимназија, градоначалникот на Тетово, Билал Касами, беше прашан дали оваа донација е договор за изградба на црква, меѓутоа, во тој момент интервенираше премиерот Христијан Мицкоски, и Касами не можеше да даде одговор. На 28 август градоначалникот на Тетово, Билал Касами, при една средба со граѓаните изјави дека го обвинуваат за изградба на црквата.

    „Ме обвинуваат затоа што прифативме донација од бизнис чиј сопственик е Србин. Парите во претходните мандати одеа во нечии џебови, а сега преку советот влегуваат како донации за спроведување на проекти за Тетово“, рече Касами.

    Тој додаде дека го обвинуваат дека примил донација со ветување дека ќе изградат црква во Тетово.

    „А знаете каде, на локација што во деталниот урбанистички план е предвидена за изградба на џамија, за прв пат во Тетово по 30 години демократија во детален урбанистички план во блок 28 е предвидено да има џамија, за прв пат во Тетово ќе се гради џамија со сите процедури и дозволи и сè што е потребно за легален објект, и за да го прикријат ова ме обвинуваат дека таму ќе изградиме црква“, рече Касами.

    Во врска со оваа донација алармираа и опозициските партии, ДУИ и Aлијанса за Албанците. Според АА, станува збор за сомнителен договор кој покренува сериозни сомневања за можна вмешаност во перење на пари, институционална корупција или скриени услуги, изградба на православна црква во Тетово преку канализирање на донации прикриени како помош за општината или користење на општинските институции за цели на странски интереси.

    Според ДУИ, оваа донација е „подарок“ од приватна српска компанија, што целосно се совпаѓа со зголеменото влијание на „српскиот свет“ во институционалниот живот на земјата. Сомнежи за оваа донација изразија и од културната организација „ХУТА“. Тие изразија загриженост за начинот на кој беше презентирана донацијата од 800 илјади евра од српската компанија „Унипромет“ во сопственост на Ратко Поповиќ.

    Потсетуваме дека пред неколку месеци Советот на општина Тетово гласаше „за“ прифаќање на донацијата од 800 илјади евра од компанијата со српско потекло, наменета за реконструкција на старите објекти на тетовската гимназија.

    Previous ArticleМАГА ги обвинуваат „Саут Парк“ за убиството на Чарли Кирк – Комеди Централ ја повлекоа епизодата
    Next Article Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

    Поврзани вести

    Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

    14/12/2025

    Се испитуваат причините за падот на авионот во Марвовско Езеро

    13/12/2025

    ИЈЗ: Во Македонија опаѓаат стапките на имунизација кај децата

    13/12/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

    Кога твојот тим ќе води со 3:1 а на крај ќе загуби, се случува ова…. (ВИДЕО)

    Слот се најде во незавидна ситуација: На „Енфилд“ се појавија нови проблеми

    Mарта Кос има предлози како да почнат преговорите со Украина, но не и со Македонија

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.