Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски: Со здружена акција на институциите трите жаришта со депониите се решени
    Политика

    Мицкоски: Со здружена акција на институциите трите жаришта со депониите се решени

    15/09/20256 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Во Трубарево нема чадење уште во текот на вчерашниот ден, а ако одите од првиот ден наназад и направите анализа, тогаш ќе добиете информација овластени лица кои велеа ќе ни требаат најмалку 7 до 10 дена за да се стави целата работа под контрола. Но со организирана активност на институциите заедно со пожарникарите за помалку од 30 часа се стави состојбата под контрола, односно веќе немаше чадење“, потенцира премиерот Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител говорејќи за последните случувања со пожарите на депониите.

    Тој посочи дека верува дека во Трубарево работата е завршена и дека има одреден слој на земја кој го има покриено отпадот кој гореше и состојбата е стабилизирана, додека параметрите на загадување се далеку од тие, како што рече, кои се обидуваат со шпекулации и невистини да ги соопштува во јавноста опозицијата и не се животозагрозувачки како некој што се обидува тоа да го каже. Притоа посочи дека ова не го кажува за да го оправда пожарот, туку да внесе мир и спокој кај граѓаните бидејќи тоа што се обидува опозицијата да го направи е да внесе немир, а реалноста, вели, е сосема поинаква.

    „Во Вардариште, таму имаме веќе агенција која го обезбедува периметарот на депонијата која е создадена веднаш по земјотресот во Скопје. Значи тоа е проблем стар повеќе од пет децении. И конечно останува Дрисла. Денеска сум на линија со луѓето кои таму се обидуваат да го решат проблемот и некаде околу 95 проценти е намалено чадењето и очекувам во текот на утрешниот ден и таму да биде решена целосно состојбата. Значи, можам да кажам дека со здружена акција на институциите, овие три жаришта се решени иако ниту едно не е надлежност на државата, особено тука зборувам за Дрисла“, нагласи премиерот Мицкоски.

    Во однос на одговорноста, премиерот Мицкоски посочи дека за таа цел околу десетина луѓе од раководната служба на Дрисла се повикани на разговор во СВР Скопје, се анализираат нивните изјави и исто така се очекува во текот на утрешниот ден да дадат искази како дел од опремата на Дрисла оди на сервис и е неподготвена за предизвиците и како луѓето земаат боледување, а активисти блиски до СДСМ и ДУИ ја посетуваат депонијата.

    „Сето ова во периодот што следи ќе биде истражено и ако некој мисли дека ќе помине неказнет, тогаш се лаже. Што се однесува за Трубарево таму четири лица се приведени и има притвор, а исто и со приведените за Вардариште за кои е одреден притвор“, истакна премиерот Мицкоски.

    Тој додаде дека од Министерството за животна средина е издадена наредба до инспекторатот за вонредна контрола за сите депонии кои имаат лиценца, дали работат по закон, ако не работат да биде одземена дозволата, а за дивите депонии се задолжени општините да ги исчистат.

    Во однос на резолуцијата за црвените линии со Бугарија, најавена пред еден месец од опозициската СДСМ, премиерот вели дека со нетрпение ја очекува со цел да дадат свој придонес и да ги кажат нивните ставови.

    „Нели опозицијата ни велеше дека ни треба заеднички, државнички настап. Еве ја очекуваме од СДСМ резолуцијата за која се зборува веќе еден месец конечно да се појави во Парламентот за да можеме ние како политичка партија да дадеме инпут“, рече Мицкоски и додаде дека би било незрело да се мисли дека тој документ априори би бил поддржан, бидејќи опозицијата смета дека направила толку квалитетен и сериозен документ.

    Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Сител говорејќи за политичката партија Левица истакна дека граѓаните треба да ја знаат вистината, затоа што од таа партија манипулираат со измами како што лажеа дека не купиле деловен простор или велат дека се неподмитливи, а земаат пари од разни страни.
    „Ревизорот треба да се позанимава со кеш трансакциите од сметката на политичката партија Левица до членови на највисокото раководство на Левица. Политичките партии добиваат пари од буџетот, а се финансираме и од донации од членови и активисти. Парите од буџетот ги плаќаат граѓаните за јавни политики, не за материјали и патни трошоци“, изјави премиерот Мицкоски.
    „Гледате какви скандали прават пратеници од Левица. Во сообраќајна несреќа две лица се повредени, но да оставиме обвинителството да покаже. Сообраќајката е предизвикана од пратеник на Левица. Мора граѓаните да ја знаат вистината, не може од една страна да напаѓате, а од друга страна да злоупотребувате и да мислите дека ќе остане неказнето. Велеа дека нема врска оној деловен простор, за потоа да видиме од записник доставен до нас од нивното најтесно претседателство како договараат со една од банките да земат кредит, па потоа да го купат на попуст на лицитација, па добро било да не се објавува банката затоа што имала репутациски ризик“, нагласи премиерот Мицкоски.
    Коментирајќи ги кандидатурите за градоначалници на Левица во Тетово, Гостивар и Струга, тој истакна дека тоа се прави за да се фрли гума за спасување на ДУИ.

    „Тоа е уште еден начин да се фрли гума за спасување на Али Ахмети и на ДУИ. Зошто? Еве ќе дадам еден многу едноставен пример за да може секој да го разбере. Ако тие навистина се натпреваруваат да победат, а таму немаат ниту теоретски шанси да победат, во Тетово, во Гостивар и во Струга, зошто не извадат свој кандидат, еве да речеме во Велес? Зошто не извадат свој кандидат во Штип? Од таму доаѓаат највлијателните членови на раководството на политичката партија, каде што имаат реални шанси да се натпреваруваат и да добијат. Зошто токму во Тетово? Зошто токму во Гостивар и во Струга каде што ниту тетовци, ниту гостиварци ниту стружани ќе гласаат за партија којашто се нарекува ДУИ. Што е нивната цел? Нивната цел е да направат дисипација во анти-ДУИ гласовите. Тоа е суштината. За да ја намалат силата на анти-ДУИ гласовите, за да може ДУИ во првиот круг да исплива на површина“, истакна Мицкоски.

    Тој исто така потенцираше дека оваа игра ќе биде препознаена од граѓаните и Левица нема да ја постигне таа цел.

    „Тоа ќе го препознаат граѓаните и веќе го препознаваат, дека нашата цел на овие избори е она развластено ДУИ да биде поразено и засекогаш испратено надвор од политичката сцена во Македонија. Тоа е суштината на овие избори. И мора да биде поразено, но ги имаме овие од Левица коишто се обидуваат да му помогнат на ДУИ и фрлаат гума за спасување“, потенцираше Мицкоски.

    Previous ArticleСДСМ без кандидати за градоначалничките места во Струга и Кичево
    Next Article Меѓународна конференција во Скопје: Кина и Балканот во мултиполарниот свет

    Поврзани вести

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    26/10/2025

    Хазби Лика и Гзим Острени подалеку од ДУИ, поблиску до Вреди

    26/10/2025

    Oсум дена пред финалното гласање за градоначалници и повтореното гласање во 4 општини

    25/10/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    (Видео) Кети Пери и Џастин Трудо ја потврдија својата врска со романтичен состанок во Париз

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.