Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Тошковски: Македонија не може веќе да си дозволи функционери од видот на судијата Ристов

    Мицкоски од Давос: Нашиот економски потенцијал треба да го насочиме кон електричната енергија (ВИДЕО)

    ДУИ ќе гласа за законските измени за „Безбеден град“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Муртезани: Во ЕУ се согласни дека испорачуваме солидна динамика во реформите за владеењето на правото
    Политика

    Муртезани: Во ЕУ се согласни дека испорачуваме солидна динамика во реформите за владеењето на правото

    17/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Во Извештајот се констатираат одредени реформи коишто се успешно имплементирани, меѓутоа има и работи каде што ќе треба дополнително да внесеме енергија и напор за спроведување на сите нивни предлози и препораки. На состанокот напоменав дека ние тие препораки не ги гледаме како слабости, туку како насоки по коишто треба да постапиме и да ги решиме колку што е можно побрзо“, истакна Муртезани.

    Тој потсети дека ова е втора година по ред како земјите кандидати, меѓу кои и нашата се вклучени во т.н. Механизам за владеење на правото, кој порано беше ексклузивно наменет само за членките на ЕУ.

    „Од поддршката што ја видов од сите мои колеги од земјите членки сметам дека процесот на постепена интеграција или т.н. phasing-in процес, дополнително ќе добие на динамика, бидејќи тоа е правилниот начин не само да се врши набљудување на реформите, туку и да се држи под контрола и правецот на нивно спроведување“, заклучи Муртезани.

    Министерот посочи дека одредени области, како што е Кривичниот законик, којшто треба да се санираат колку што е можно побрзо, како и препораките или наодите за независноста на судството и состојбата со медиумите, горе долу ги има во извештаите за сите земји кандидати.

    Според Муртезани, овие состојби ние и самите ги имаме детектирано и нивното надминување ќе придонесе за зајакнување на демократијата во нашето општество, тргнувајќи од поголемото вклучување на невладиниот сектор не само како набљудувач, туку и како партнер во креирањето на политиките, поголемата транспарентност во однос на финансирањето и сопственичката структура на медиумите, потоа спречувањето на говорот на омраза, како и поголемата независност во однос на буџетот на правосудните органи.

    „Тие се некои точки коишто се круцијални за да може да почне процесот на враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем“, истакна Муртезани, додавајќи дека иако Владата како извршна власт е одвоена од судската, сепак таа е повикана да ги создаде сите неопходни услови за успешно спроведување на реформите во правосудството во духот на препораките на Европската Унија.

    Во врска со шестата Меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, на кои беа отворени четири нови поглавја од преговарачкиот процес, Муртезани оцени дека брзината со која Тирана ги отвора поглавјата, а наскоро планира и да почне да ги затвора, треба да ни биде уште поголем мотив и ние колку што е можно побрзо да го почнеме процесот на преговори по кластери.

    „Моментумот е тука. Не смееме да дозволиме тој моментум да се пропушти“, додаде Муртезани.

    Запрашан колку се реални шансите за прием на повеќе нови членки во ЕУ во 2030 година, Муртезани вели дека по стартот на руската инвазија врз Украина, слушајќи ги сите претставници на членките на ЕУ и имајќи ја предвид решителноста на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и на сите лидери на Европската Унија, тоа е годината кога ЕУ ќе инсистира да прими колку што е можно поголем број од земјите кандидати.

    „Така што таа рамка – 2030, е многу возможна и за нас, доколку брзо ги отвориме преговорите и да можеме брзо да стигнеме и до нивно затворање и потоа ќе чекаме земјите членки да го кажат последниот збор“, додаде Муртезани во изјавата за МИА од Брисел.

    Инаку, на вчерашното заседание на ГАК, покрај извештајот за земјава, беа разгледани и извештаите за Албанија, Србија и за Црна Гора.

    Previous ArticleСмртта на Росица од Велес била најавена и пријавена
    Next Article ИЈЗ: Почвата во Трубарево на едно место има повисоки вредности на тешки метали, а водата е чиста

    Поврзани вести

    Тошковски: Македонија не може веќе да си дозволи функционери од видот на судијата Ристов

    20/01/2026

    Мицкоски од Давос: Нашиот економски потенцијал треба да го насочиме кон електричната енергија (ВИДЕО)

    20/01/2026

    ДУИ ќе гласа за законските измени за „Безбеден град“

    20/01/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Тошковски: Македонија не може веќе да си дозволи функционери од видот на судијата Ристов

    Мицкоски од Давос: Нашиот економски потенцијал треба да го насочиме кон електричната енергија (ВИДЕО)

    ДУИ ќе гласа за законските измени за „Безбеден град“

    Судијата ги криел парите во ѕид зад кујнските плочки

    НАЈЧИТАНИ

    Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец

    14/01/2026

    СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

    17/01/2026

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    15/01/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.