Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Премногу „случајности“ има во последните пожари, што водат до факти за хибриден напад, смета Тошковски
    Политика

    Премногу „случајности“ има во последните пожари, што водат до факти за хибриден напад, смета Тошковски

    17/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На новинарско прашање во Тема на денот на ТВ Сител дали мотивот за овие хибридни напади преку пожари, а со тоа и нарушување на здравјето на граѓаните е да се урне оваа Влада, министерот за внатрешни работи кусо одговори дека има и такви индиции и оти клопчето „е почнато да се одмотува“. Негираше дека овие настани ќе влијаат на локалните избори во земјата.

    „Хибриден напад дека има спрема државата – има! Тоа е факт! Никогаш во изминатиов период на оваа тема ниту сум го демантирал премиерот, ниту пак премиерот кажал невистини и паушални изјави поврзани со оваа тема. Факт е дека имаме мултистранични напади на државата од повеќе аспекти. Јас ќе говорам само за факти. Факт е дека кога почнаа пожарите првиот ден имавме најмалку, на шест-седум места критични витални точки, особено за Скопје и за државата – подметнати пожари. Факт е дека последните два – три дена ни гореа четири ризични точки од кои три депонии, што легални што диви, и една фабрика за рециклирање на електронски отпад. Факт е дека на една од овие точки механизацијата не била во функција, факт е дека оние што требало да ја опсервираат една од овие четири критични точки согласно закон и согласно подзаконски акти дента кога настанал пожарот дел биле на боледување, не биле на работа итн…Факт е дека одредени столбови на кои имало одредени средства за набљудување биле бутнати…Ова се премногу случајности за ние да се убедиме дека ова не е со поинаква намера од онаа што се обидуваат да ја прикажат во јавноста“, рече Тошковски.

    Но, исто така, продолжи тој, е факт дека во Вардариште има 200 Роми кои живеат таму и најверојатно одреден дел од нив се конкретни подметнувачи на Вардариште, дека најверојатно електронскиот отпад не бил чуван соодветно, дека во рамки на контролите што се вршени деновиве Министерството за животна средина утврдило несоодветно чување на гуми, прегорено масло и друг тип на отпад во рамки на ЈСП Скопје…

    „Имаме премногу вакви факти коишто и тоа како ќе треба службите во рамки на МВР да ги сработат, а ги работат“, рече Тошковски.

    Министерот за внатрешни работи рече дека во моментот не може да сподели повеќе информации посочувајќи дека МВР има основи за сомнение, и индиции за сето ова за коешто се зборува изминатиов период.

    „Има една поголема група на луѓе кои на ваков или на таков начин се инволвирани во сите овие процеси“, рече Тошковски, додавајќи дека станува збор за повеќе од дваесет лица како и дека во интерес на истрагата не може да изнесува повеќе детали.

    Повтори дека за пожарите летово, досега МВР има уапсено 40-тина лица, но тие меѓу себе не се поврзани во рамки на некаква организирана група, но потенцира дека тие не се меѓу оние лица што се поврзуваат со последните неколку пожари.

    „МВР интензивно работи на ова“, рече Тошковски.

     

    Previous ArticleОбвинителство направи увид во Трубарево, дежураат и пожарникари оти депонијата повремено чади
    Next Article Израелски тенкови влегоа во станбените квартови на Газа

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.