Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Тошковски: Македонија не може веќе да си дозволи функционери од видот на судијата Ристов

    Мицкоски од Давос: Нашиот економски потенцијал треба да го насочиме кон електричната енергија (ВИДЕО)

    ДУИ ќе гласа за законските измени за „Безбеден град“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Еколошка катастрофа во Куманово, реката Кумановка е претворена во депонија
    Македонија

    Еколошка катастрофа во Куманово, реката Кумановка е претворена во депонија

    23/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Реката во Куманово е претворена во депонија. Пластични кеси, фрлени шишиња и друг отпад ја покриле површината на водата. Реката станала огледало на еколошката трагедија, пишува Порталб.мк. ,а сликите немаат потреба од коментар за да се опише ситуацијата.

    На 12 август актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, се пофали на Фејсбук дека го чисти речното корито.

    „Општина Куманово моментално го чисти речното корито на реката Кумановка. Преку оваа акција го отстрануваме отпадот, дивата вегетација и го подобруваме протокот на вода за почиста животна средина и спречување на поплави. Работните екипи се ангажирани на терен, работат со посветеност за да го направат градот побезбеден и поубав за сите нас. Апелираме до граѓаните: да ја заштитат природата, да не фрлаат отпад во реките и да придонесат за заедничката одговорност“, напиша првиот човек на општината, Димитриевски.

    Бројни беа и реакциите од граѓаните на самата објава на Димитриевски.

    „Ова треба да биде вообичаена работа на одговорни институции, а не за да се пофалат на Фејсбук“, напиша Александра Поповска.

    „Изборите се ближат. Треба да се покажете“, напиша Ласте Стаменковски.

    „Не сме те виделе од денот кога ја презеде функцијата, сега пред изборите станавте ангели“, напиша Менде Матески.

    Времето на објавување, кога во земјава пред-кампањата за локалните избори веќе еден месец е започната, како и состојба со реката и нејзиното корито, отвора сомнеж дека фотографијата е направена само за да се покаже пред јавноста дека нешто се работи. Максим Димитриевски ја објави својата кандидатура за градоначалник и се спрема да освои трет мандат.

    До објавувањето на текстот, општина Куманово не се изјасни какви планови има за чистење на коритото и колку пати тоа се чисти во текот на годината.

    Previous Article„Додека оди и дише – Јокиќ е најдобриот играч на светот“
    Next Article Филмовите на Манчевски во Индија, Париз и Хрватска

    Поврзани вести

    Судијата ги криел парите во ѕид зад кујнските плочки

    20/01/2026

    Иницијативата „Стоп за Усје“ ги повика граѓаните на утрешниот протест

    20/01/2026

    Граѓани добиваат лажни пораки со известувања за сообраќајни прекршоци

    20/01/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Тошковски: Македонија не може веќе да си дозволи функционери од видот на судијата Ристов

    Мицкоски од Давос: Нашиот економски потенцијал треба да го насочиме кон електричната енергија (ВИДЕО)

    ДУИ ќе гласа за законските измени за „Безбеден град“

    Судијата ги криел парите во ѕид зад кујнските плочки

    НАЈЧИТАНИ

    Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец

    14/01/2026

    СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

    17/01/2026

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    15/01/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.