Кога беше тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг направи неколку движења од кои овој клуб сè уште не се опорави. Во април 2022 годин беше претставен како нов тренер на „црвените ѓаволи“, дојде на местото на Ралф Рангник.
И покрај импресивните резултати што ги имаше во Ајакс, Тен Хаг не можеше да ги пренесе на Олд Трафорд, но успеа да ги освои Карабао Купот и ФА Купот.
Во октомври 2024 година, по ужасниот почеток на сезоната во Премиер-лигата, челниците на Манчестер Јунајтед одлучија да го отпуштат и да го заменат со Рубен Аморим.
Додека Тен Хаг беше во клубот, беа потрошени големи пари за доведување играчи.
