Лидерот на СДСМ, Филипче истакна дека Македонија е нашиот заеднички дом, во којшто секој граѓанин е еднаков, во кој има место за сите, а не само за привилигираните.
„Да изградиме општество каде што младите ќе остануваат, а не заминуваат, да создадеме Македонија во која трудот се вреднува, а не партиската книшка. Оваа битка не е само политичка, оваа битка е за праведност, за достоинство, за нашата иднина и токму граѓаните се тие коишто ја носат таа борба. СДСМ од секогаш била повеќе од партија, била движење за слобода, за правда, за еднаквост. Нашите корени се во АСНОМ, во генерации коишто ја вградија темелната вредност државата да биде дом на секој човек“, рече Филипче.

Тој порача дека без јадрото на партијата, без членството го нема СДСМ, а какошто рече „без вас нема иднина за правда, за еднаквост, за грижа“.
„Нашата задача е јасна да ја подигнеме партијата, да ја вратиме надежта и да покажеме дека СДСМ знае да ја исправи државата. Вие нашите поддржувачи сте моторот. Вашата енергија во секое маало, во секоја зграда ќе ја разбуди надежта кај разочараните и кај оние, коишто замолкнаа“, истакна Филипче.
Тој во своето обраќање пред граѓаните на Пробиштип истакна дека постои разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и оти нивната политика има јасен приоритет, а тоа е крај на договори зад затворени врати и на крај на картелите и дека ќе се борат за достоинствени плати, фер пензии, и за држава која е за сите.
Лидерот на СДСМ, Филипче за кандидатот за градоначалник за Пробиштип, Драган Анастасов рече дека ќе ја има победата уште во првиот круг.
„Ладич го трансформираше Пробиштип во модерно, урбано место за живеење. Нашиот Драган Анастасов Ладич од 2017 година до сега, од дете на социјалдемократската младина до татко на градот, два мандати, осум години. Искрена, упорна, отворена работа, врвен професионалец. Но, пред сѐ, Ладич е добар човек“, вели Филипче.
Кандидатот за градоначалник за Општина Пробиштип од СДСМ, Драган Анастасов, кој на овие Локални избори ја бара довербата од граѓаните за трет градоначалнички мандидат истакна дека денес не е пред граѓаните на Пробиштип само како кандидат за нов мандат, туку како човек кој верува во себе и во Вас.

„Раководењето со општината не ме промени, но ме научи на истрајност и упорност. Постојано велев дека работата не е завршена – дури навистина не се заврши, но иако бев свесен, оваа работа ме научи и на тоа дека сите во нашата општина ги делиме истите проблеми и истите предизвици, без разлика на каква било определба. Затоа, акцентот го ставивме директно на граѓаните, вложивме многу во социјалната програма, со низа мерки и проекти наменети да го олеснат секојдневниот живот на нашите сограѓани од социјален ризик, инвестиравме во образованието, детската заштита, инфраструктурата, спортот, младите и културата“, вели Анастасов.
Тој ја презентираше и Програмата за наредните четири години, во која има приориретни проекти за Пробиштип, какошто е реконстркција на Градскиот плоштад „Свети Гаврил Лесновски“ со изградба на подземен паркинг простор за 80 возила – со цел намалување на метежот и сообраќајниот притисок во срцето на градот. Фасадна и покривна реконструкција на постојни згради за колетивно домување, кои со што ќе се обезбеди енергетска ефикасност, подобри услови за живеење и модерен изглед на објектите.

„Техничка вода за сите индустриски капацитети и алтернативни системи за водоснабдување во руралните средини – со овој проект ја зачувуваме водата за пиење, ги снабдуваме индустриските капацитетии со техничката вода а со тоа им овозможување огромни заштеди и со алтернативното водоснабдување во сите рурални средини ке го надминеме проблемот во летнитниот период од годината кога имаме значајно зголемени потреби. Детската градинка во населба Пробиштип станува реалност – преадаптација и целосно опремување на простор во подрачното основно училиште ‘Ванчо Трајков’, што ке значи нова градинка за 40 деца поблиску до нивните домови“, вели Анастасов.
Тој истакна дека во наредните четири години ќе продолжи да ги враќа парите кај народот, преку социјалната програма и награди за најдобрати ученици и спортисти.
Пред граѓаните на Пробиштип вечерва се обрати и носителката на листата за советници за Општина Пробиштип од СДСМ, Весна Ристовска.
Средба со граѓаните вечерва оствари и кандидатката за градоначалник на Прилеп, Петра Лукароска која кажа дека нуди програма со четири столбови и повеќе капитални проекти за Прилеп.
„Првиот столб во нашата програма е функционален и безбеден јавен пристап во кој обрнуваме внимание на хигиената во градот, на дивите депонии, на кучињата скитници за безбеден да биде градот. Вториот столб е чиста и здрава животна средина со засадување нови садници, средување на депониите во околината, хигиената, со одржување на екологијата, фотоволтаици на општинските претпријатијата. Третиот столб е општина по мерка на граѓаните во кој општината ќе ја зголеми транспарентноста при што граѓаните ќе ги добиваат сите потребни информации. Ќе има фондови за поддршка на млади, на земјоделки, поддршка на самохрани родители. Четвртиот столб е младите во фокусот. Мора да има младински културен центар, функционалем младински сојуз со буџет, да има стартапи и едукација за претприемачи за млади за да можеме младите да ги задржиме тука“, изјави Лукароска на презентацијата.

Покрај четирите столбови во програмата, фокусот е и на инфраструктурата која ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните во Прилеп, а се подготвени и неколку капитални проекти.
Еден од капиталните проекти ќе биде паркинг простор над градската река со капацитет за 100 возила. Вториот капитален проект е „Топташ скајлајт“ со вело и мотокрос патеки, со простор за прошетки и рекреација, обнова на планинарскиот дом „Дервен“ како три нови велосипедски патеки во градот.
На вечерашната презентација беше претставена и кандидатската листа на советници чиј носител е Драгица Николоска.
„Листата ја претставуваат чесни и посветени луѓе. Нашиот глас во советот ќе биде слушнат онолку силно колку што ќе успееме да ги доловиме проблемите на граѓаните и да понудиме решенија. Советничката листа на СДСМ може да го направи тоа“, рече Николоска, носител на кандидатската листа на советници за Прилеп од СДСМ и колацијата.
