Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче подготвува ново предавство
    Политика

    Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче подготвува ново предавство

    30/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој спрема и ново предавство и поклон за нашиот источен сосед, Бугарија преку нивните т.н. црвени линии.

    „Тоа е всушност реалното лице на опозицијата која во најновите пазарџиски трикови сака и да спакува нов поклон за нашиот источен сосед. Тоа е подарок којшто тие го нарекоа Резолуција или црвени линии, после кој СДСМ сака, нормално, да изроди некоја нова отстапка на грбот на македонскиот народ, на грбот на македонските граѓани. Сосема сигурно оттука може да се заклучи ако францускиот т.н. предлог беше толку прекрасен и Венко ни велеше дека идентитетот бил заштитен, тогаш прашањето ни е зошто, тогаш, ни требаат овие црвени линии, коишто се дел од т.н. резолуција на СДСМ. Одговорот лежи во тоа дека СДСМ, повторно, со трикови сака да направи некој нов бонбона бизнис, познат за нив како карактерна особина од минатото“, истакна Мицкоски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека на овие избори мора да се излезе масовно и во огромен број и да се изрази волјата јасно, дека во оваа држава владее народот.

    Мицкоски на денешниот митинг во Струга, посочи дека една од картите на кои игра опозицијата, СДС и ДУИ е барањето на спас во корумпираното судство и обвинителство.

    Според Мицкоски многу е јасно зошто се кријат за правосудниот систем.

    „Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност. Oд месечината се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата остана судството и обвинителството кое ги штитат и СДСМ и ДУИ како бели мечки“, кажа Мицкоски.

    Мицкоски посочи дека нема ниту еден случај кој институциите им е предочен, а истиот да завршил со обвинителен акт за било кој поранешен висок функционер.

    „А случаи има колку сакате, само недостасува волја. А нема волја затоа што судот и обвинителството главни се аргатите на СДС и ДУИ. И со оваа корупција имам намера посебно да се занимавам по локалните избори, затоа што мора еднаш за секогаш да се стави крај со овој перманентен бастион на криминалот“, вели Мицкоски.

    Мицкоски објасни дека не може да има слободни корумпирани политичари, ако нема корумпирани обвинители и судии што ги штитат тие политичари.

    „Затоа по изборите следат реформи кои ќе ја откријат и вистината и ќе ја донесат правдата во нашата држава. Таа пресметка нема да биде политичка, туку пресметка за докажување на правдата која народот на Македонија ја заслужува“, заклучи Мицкоски.

    Previous ArticleПехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY
    Next Article Филипче од Пробиштип: Да изградиме општество каде што ќе се вреднува трудот, а не партиската книшка

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.