Капитенот на машкиот национален тим, Никола Ѓоргиев од Букурешт внимателно ја следеше ждрепката за ЕвроВолеј 2026 која синоќа се одржа во Бари. Заклучокот е: тешка ждрепка.
Најдобриот македонски одбојкар, сепак, останува оптимистички расположен и продолжува да верува во екипата која ја предводи.
Македонија за ЕвроВолеј 2026 е дел од групата Б во Варна, каде покрај домаќинот и актуелен светски вице-првак Бугарија, ќе се соочи и со Полска, Украина, Португалија и Израел.
„Македонија на ова Европско првенство влегува без еуфорија и големи очекувања како што беше во 2023 кога бевме организатори, но имавме среќа и во ждрепката, и во групата имавме две репрезентации кои беа со послаб ранкинг од нас. На ова ЕП Македонија влегува како најслабо рангирана селекција и верувам дека сите противници во групата на нас гледаат како на тотален аутсајдер. Добивме тешка група со два изразени фаворита – Бугарија и Полска. Украина, особено Португалија, која играше во осминафиналето на СП и ја елиминираше Куба и Израел се противници со кои ќе водиме голема битка и никој не може да ни забрани да сонуваме за осминафинале. Само да сме живи, здрави и спротени. – вели Никола Ѓоргиев па додава.
