Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Средба на Муртезани со Плаколм и Грашиќ, поддршка за европската иднина од Австрија и од Словенија
    Политика

    Средба на Муртезани со Плаколм и Грашиќ, поддршка за европската иднина од Австрија и од Словенија

    06/10/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Како што соопштија од МЕП, во рамките на посетата се одржаа билатерални средби и заедничка трилатерална средба на која била потврдена континуираната и принципиелна поддршка од Австрија и Словенија за европската интеграција на Македонија.

    „На состанокот беше истакната исклучителната важност на продлабочувањето на соработката со двете држави, кои како докажани пријатели и партнери на нашата земја, доследно ја поддржуваат нејзината европска перспектива. Министерот Муртезани изрази благодарност за досегашната силна и видлива поддршка што Австрија ја дава во рамките на политиката на проширување на Европската Унија и за нејзината активна улога во афирмацијата на концептот на постепена интеграција, како средство за побрзо приближување на земјите од Западен Балкан кон европското семејство. Притоа, тој потенцираше дека Северна Македонија останува посветена на исполнувањето на обврските и реформите врз основа на заслуги и очекува европскиот процес да продолжи со јасна и меритократска динамика“, се наведува во соопштението.

    Во разговорите со австриската страна, се додава, било нагласено значењето на ангажманот на Австриската агенција за развој (ADA) во регионот, особено во областите на добро владеење, владеење на правото, одржлив и инклузивен економски развој, како и заштита на животната средина и климатските политики.

    Министерот Муртезани ја изразил подготвеноста за посилно вклучување на Агенцијата во координациските механизми на Владата, како и интерес за воспоставување постојано претставништво на ADA во земјата, со цел уште поефикасна реализација на заедничките развојни приоритети.

    Во рамките на разговорите со словенечката делегација, била потврдена долгогодишната традиција на пријателство и блиска соработка меѓу двете земји, кои немаат отворени прашања и се одликуваат со исклучително партнерски односи.

    „Словенија и понатаму останува еден од најгласните и најконзистентни поддржувачи на европската интеграција на Северна Македонија, како и активен учесник во реализацијата на билатерални и регионални проекти за институционално зајакнување и развој. Во тој контекст, беше посочена и успешната имплементација на повеќе инфраструктурни и енергетски проекти финансирани со словенечки развојни средства, насочени кон заштита на животната средина, дигитализација, иновации и локален економски развој“, се наведува во соопштението.

    На средбата министерот Муртезани ја нагласил подготвеноста на Македонија за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и продлабочување на соработката со Република Австрија и Република Словенија, во духот на заедничките европски вредности и регионалната солидарност.

    „Тој подвлече дека искреното пријателство и конкретната поддршка што нашата земја ги добива од овие две држави претставуваат значаен поттик за продолжување на реформскиот процес и забрзување на европската интеграција на Северна Македонија’, стои во соопштението.

    Previous ArticleСудиска комисија: Правилна одлука на ВАР тимот на натпреварот Вардар – Струга Трим Лум
    Next Article Музичка драма што остава без здив – „Риголето“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет

    Поврзани вести

    Хазби Лика и Гзим Острени подалеку од ДУИ, поблиску до Вреди

    26/10/2025

    Oсум дена пред финалното гласање за градоначалници и повтореното гласање во 4 општини

    25/10/2025

    Касами нема одговор на забелешката на Мицкоски дека Вреди треба да поддржи Албанец за градоначалник на Кичево

    24/10/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    (Видео) Кети Пери и Џастин Трудо ја потврдија својата врска со романтичен состанок во Париз

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.