Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Преспанскиот договор тешко поминува и со музика во културата на Грција
    Политика

    Преспанскиот договор тешко поминува и со музика во културата на Грција

    07/10/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Иако поминаа седум и пол години од потпишувањето на Преспанскиот договор, за кој политички се декларираше дека ќе ги надмине сите децениски „напнатости“ во македонско – грчките односи, во „топлата покана“ на грчката амбасада и понатаму за концертот и понатаму се препонава изразена воздржаност за употреба на името Македонија, дури и со додавката – географска одредница. Па во поканата како место на одржување се наведува „Националната опера и балет во Скопје“. Навистина оваа уметничка национална институција, која до 2019 година се нарекуваше Македонска опера и балет, го смени името во „национална“, токму поради Преспанскиот договор, па официјално веќе никаде ја нема Македонија, дури ниту како атрибут или придавка. Така што поканата на амбасадата на Грција во Македонија за музичкиот настан во чест на 100 години од раѓањето на легендарниот грчки композитор, Микис Теодоракис (кој патем, пред крајот на животот протестираше против Преспанскиот договор, тврдејќи дека Македонија е само грчка), формално правно е коректен, зашто Националната опера и балет сепак е лоцирана во Скопје.

    Но, покрај сите предности што асиметричниот Преспанскиот договор ѝ го даде на грчката страна, остави и простор за алиби да не го употребуваат дури ни новокомпонираното име на Македонија и да продолжат со практиката целата држава да ја именуваат „Скопиа“, како што сè уште стои на патоказите во Грција на патиштата, дваесетина километри пред граничниот премин Евзони. Гротескната политичка приказна за бришењето на името „Македонија“ и сонцето од Кутлеш дури и од шахтите во земјава, веќе е нераскинлива алегорија за спроведувањето на Преспанскиот договор, но продолжената употреба на „Скопје“ од грчка страна како алтернација на државното име и понатаму е толерирано од меѓународната заедница, која беше гарант на договорот.

    Исто така, Преспанскиот договор, речиси уште веднаш се претвори во илустрација на неверодостојноста, двојните стандарди и лицемерството на Европската Унија, која сè уште ги нема започнато преговорите со Македонија за членство во сојузот, иако, со години решавањето на „спорот за името“ со Грција, беше наведувано како „последен услов“. Секако, Преспанскиот договор се претвори во инспирација за нови „некопенхагенски“ услови за Македонија од другиот ЕУ-сосед, Бугарија.

    Неспорно е дека концертот во чест на композиторот на музиката за филмот „Гркот Зорба“, во главниот град на Македонија, Скопје е обид за културно зближување на соседите, и покрај сите нуспојави на Преспанскиот договор, но и понатаму во сите „добри намери“ се провлекува таа сенка на игнорирање на постоењето на македонскиот народ од страна на Грција.

    Очигледно е дека Преспанскиот договор тешко добива аргументи за надминување на предрасудите од културен вид, главно всадени во грчкото општество спрема Македонија и Македонците. Во извесна смисла таа херметичност и ксенофобија на грчкото општество, иако неприфатлива за 21-от век, особено за земја-членка на Европската Унија, може да се „објасни“ со постоењето на државната граница меѓу Македонија и Грција. Но уште поспецифичен феномен е пренесувањето на таквиот антагонизам во дијаспората, преку океаните.

    Така, деновиве „Панмакедонското здружение на Сиднеј и Нов Јужен Велс“ најави дека ја започна програмата „Димитра“ за 2025 година.

    „Традицијата ‘Димитрија’, која датира од византиската ера околу празникот Свети Димитриј (26 октомври), процвета во ‘златниот век’ на Солун во 14 век како религиозно-комерцијален панаѓур со претстави и јавни предавања. Во последните децении, панмакедонските здруженија ширум светот го обновија фестивалот секој октомври-ноември, давајќи му јасен културен фокус што го истакнува грчкиот идентитет на Македонија во Австралија и во странство“, се вели во грчкиот весник „Неос космос“ од Сиднеј.

    На настанот, историчарот д-р Панајотис Дијамантис одржал и 20-минутен илустриран говор „кој ги опфаќа Александар Велики, Аристотел Стагирски, браќата Манаки, Битката кај Веви (1941), хуманитарот Џорџ Девин Трелоар и Виа Егнација од историски до модерен карактер“, се наведува во текстот.

    Ако се искрени политичарите кои го потпишаа и поддржаа Преспанскиот договор, ќе признаат дека тој и не беше правен за надминување на грчките предрасуди спрема Македонија. Но како што минува времето, а Македонија не ги почнува преговорите со ЕУ,  сè повеќе се собираат аргументи дека станува дебакл на меѓународното право, меѓународната заедница и секако на Обединетите Нации, под чие покровителство е создаден и потпишан, како и на Европската Унија.

    Previous ArticleИзвештај на Светска банка: На работниците на Западен Балкан им требаат вештини, а на фирмите дигитализација
    Next Article Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.