Тој изрази надеж дека кандидатот за градоначалник на Гевгелија ќе победи уште во првиот круг и оти проектите што ги започнале ќе ги продолжат да ги реализираат во наредните години.
„Во тек е изработка и на проектна програма за изработка на комплетна проектна документација, за проширување со подобрување на геометриските елементи на патот од Гевгелија до Ново Коњско во должина од 5 километри, што мислам дека е многу значајно, и во текот на следната година целиот ќе биде завршен. Понатаму, преку Управата за водостопанство и Министерството за земјоделие, а во дел на изградбата на новата брана Коњско, каде што и Министерството за транспорт активно учествуваше, ќе работиме на пат којшто оди од брана Коњско до Ново Коњско и исто така до крајот на 2026 година треба да е завршен. А веќе во 2027 година, очекувам и браната да е наполнета, односно да функционира и самата брана којашто ќе е многу значајна за целиот овој регион. И секако третиот дел, од брана Коњско до Смрдлива Вода, којшто очекуваме да се заврши некаде до 2027 година во должина од 5 километри“, кажа Николоски.
Кога сето ова ќе се стави во контекст на развојот којшто го правиме во рамки на општината, продолжи Николоски, како и најголемиот проект на кој што и активно работиме и активностите одат одлично, а тоа е брзата пруга каде што Гевгелија ќе има централно место, односно после скопската, гевгелиската ќе бидее најголема железничка станица.
„Тоа ќе значи дека до Солун ќе се патува некаде за 30-тина минути, а некаде до Скопје, час, час и 15 минути. Мислам дека Гевгелија ќе добие комплетно централно место, не само во државата, туку во целиот регион – и за бизнис, и за туризам и сето она што ќе го прави животот на граѓаните подобар“, нагласи Николоски.
