Close Menu
Malesh
    Актуелно

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Мециновиќ: Град Скопје има пари, ама многу се краде, а ѓубрето во Скопје е мафијашко сценарио на ВМРО-ДПМНЕ

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»АВМУ се пофали дека судот одбил дел од тужбата на Левица за платено политичко рекламирање
    Македонија

    АВМУ се пофали дека судот одбил дел од тужбата на Левица за платено политичко рекламирање

    08/10/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

     

    Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска соопшти дека Основниот граѓански суд Скопје, со Решение од 3 октомври 2025 година, го одбил како неоснован предлогот од тужбата на политичката партија Левица за издавање привремена мерка. Со мерката, Левица барала на АВМУ да ѝ се забрани да го достави до комерцијалните медиуми „Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025“, како и забрана да го достави до Државната изборна комисија (ДИК) извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање (ППР), врз основа на кој ДИК ги распределува и исплаќа парите за реклами во предизборната кампања.

    Во соопштението се наведува дека Упатството на АВМУ има „единствена цел да обезбеди јасни и прецизни насоки за радиодифузерите при примената на членот 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, кој ја уредува распределбата на времето за ППР“.

    Од Агенцијата истакнуваат: „Содржината на Упатството е строго условена од одредбите на Изборниот законик, кој експлицитно ги пропишува бројот на минутите за ППР, нивната распределба и субјектите меѓу кои се распределува. Агенцијата нема ниту можност, ниту овластување да излегува надвор од овие рамки, да доделува поголеми права од предвидените или да пропишува поинакви правила од оние утврдени со Законикот“.

    Членот 75 ѓ од Изборниот законик гласи вака:

    За време на изборната кампања и во првиот и во вториот круг на гласање, радиодифузерите кои ги покриваат изборите можат да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма исклучиво наменети за платено политичко рекламирање, од кои за двете најголеми политички партии од позицијата кои на последните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија освоиле најмногу гласови можат да одвојат најмногу четири минути кои се распределуваат по претходен писмен договор, за двете најголеми политички партии во опозиција кои на последните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија освоиле најмногу гласови можат да одвојат најмногу четири минути кои се распределуваат по претходен писмен договор, за политичките партии во Собранието на Република Македонија кои на последните избори за пратеници не освоиле доволно пратеници да формираат пратеничка група можат да одвојат една минута која се распределува по претходен писмен договор и за политичките партии кои не се застапени во Собранието на Република Македонија или кандидати можат да одвојат триесет секунди кои се распределуваат по претходен писмен договор.

    Според овој член од Изборниот законик, случаите на политичките партии Левица и ЗНАМ, кои имаат по шест пратеници и парламентарна група, не се предвидени како опција. Поточно, според сегашното решение тие не можат да добијат средства, иако помалите парламентарни партии, со помалку од пет пратеници, кои немаат формирано парламентарна група, ќе добијат средства за рекламирање. Вредно е да се напомене дека ЗНАМ, која е дел од владејачката коалиција, според упатството на АВМУ, ќе може да добие пари од ВМРО-ДПМНЕ како нивни „поддржувач“.

    „Левица е парламентарна партија со своја пратеничка група и сигурно знае дека Изборниот законик може да се измени само во Собранието, каде пратениците можат да поднесат предлог за негова измена“, велат од АВМУ.

    Ова е најнов развој во спорот околу распределбата на платениот политички простор и државното финансирање на кампањите во медиумите, што Мета.мк го следи во континуитет. Левица побара привремена мерка за стопирање на примената на Упатството на АВМУ и најави постапки и пред други институции, велејќи дека вака утврдената формула ја става партијата во нерамноправна положба во однос на субјектите што добиваат најголем дел од буџетски финансираното време за емитување.

    Паралелно со судските постапки и политичката полемика, преодниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори укажува на пошироки системски слабости во медиумскиот сегмент на изборниот процес. Тоа вклучува нерамномерна распределба на платениот простор и зависност на медиумите од јавни средства, делумна регулација на онлајн кампањата и зголеменото влијание на социјалните мрежи. Според оценките на Мисијата на ОДИХР, ваквата поставеност го ограничува плурализмот и фер пристапот на политичките актери до публиката во клучниот период пред гласањето на 19 октомври и 2 ноември.

    Previous ArticleЃорѓиевски ќе гради фудбалски стадион во Шутка
    Next Article Тетовец доби кривична пријава оти бесправно градел во Националниот парк Шар планина

    Поврзани вести

    Министерството за животна средина соопшти дека немало истекување на линдан во ОХИС

    26/10/2025

    Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

    25/10/2025

    Од домашно прозводство покриена 93,2 отсто од потрошувачката на струја во август

    24/10/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Мециновиќ: Град Скопје има пари, ама многу се краде, а ѓубрето во Скопје е мафијашко сценарио на ВМРО-ДПМНЕ

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    (Видео) Кети Пери и Џастин Трудо ја потврдија својата врска со романтичен состанок во Париз

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.