Поранешниот градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието, Панчо Минов, починал денеска на 67 годишна возраст.
Минов е правник со политичко повеќедецениско искуство. Беше градоначалник на општина Кавадарци два мандати, прво како кандидат на Либералната партија, а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието. Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
