Првата ѕвезда во белгискиот национален тим, Кевин де Брујне, во пресрет на денешниот дуел со Македонија, вели дека е задоволен што Федерацијата одлучи да се пресели од стадионот „Крал Бодуен“ на стадионите во внатрешноста на државата. Во Гент, стадионот на кој вечерва ќе с еодигра дуелот со Македонија, билетите беа распродадени уште пред три недели, исто како и во Генк и во Андерлехт пред тоа.
„Да, имаше одлична атмосфера во Генк и Андерлехт, но ја имавме и на националниот стадион, под услов да беше преполн, инаку тешко е со атлетската патека околу него и сè тоа. Но очекувам дека и на овој меч ќе биде слично како во Генк и Андерлехт, а тоа е добро за нас“, изјавил фудбалерот на Наполи.
