Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Во Берово се одржа јавна дебата за дефинирање на приоритети за претстојниот јавен повик за граѓански организации

    Се санира оштетената патна инфраструктура во Берово

    Младите од Пехчево во посета на младинските центри во Пробиштип и Штип

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Смртта на пејачот Халид Бешлиќ нема никаква врска со ковид вакцините
    Македонија

    Смртта на пејачот Халид Бешлиќ нема никаква врска со ковид вакцините

    10/10/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Смртта на пејачот Халид Бешлиќ во никој случај не е поврзана со вакцините против ковид-19. Како што објавиле српските и босанските медиуми, тој години наназад се соочувал со бројни здравствени предизвици, пишува „Вистиномер“. 

    Во продолжение ви ја пренесуваме објавата во целост:

    Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

    2022

    3 дози вакцина

    Халид Бешлич, Босански пејач на народна музика, почина денес .

    Објавата сугерира дека босанsкиот пејач Халид Бешлиќ починал како последица на примените ковид вакцини.

    Ваквото тврдење не е точно.

    Како што објавија српските медиуми, Бешлиќ во последните години живеел со нарушено здравје, но никаде не се спомнуваат вакцините против ковид-19 како причина за тоа.

    Музичката легенда имаше долгогодишни здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес, проблеми со црниот дроб и бубрезите кои бараа одржување во живот, како и последици од сериозна сообраќајна несреќа во 2009 година во која го изгуби окото и повреди белодробно крило, пишува српски Курир.

    Неговиот менаџер Дамир Рамљак, како што пренесува Курир, неодамна зборувал за терапијата на која се подложувал пејачот:

    Дијагнозата е црн дроб. Дали болеста понатаму напредува, не би судел. Лекарите главно го гледаат црниот дроб – дека црниот дроб функционира и дека тој дел се смирува.

    Во ужасна несреќа, потсетува истиот портал, пејачот го изгубил окото, му биле вградени два стента и се борел за закрепнување на онкологија.

    Неговото здравје беше неизвесно веќе некое време, а лекарите се бореа да ја стабилизираат функцијата на неговите органи. За жал, по борбата, пејачот почина, наведува Курир.

    Српски Блиц исто така наведува дека пејачот подолго време лежел во болница на одделот за онкологија.

    Според Блиц, Бешлиќ имал проблеми и со артериите.

    Бев 125 килограми, потоа 115, сега сум 105, 20 килограми помалку, и останувам така, а треба да стигнам до 90. Нагло се здебелив и тоа ме преоптовари. Причината за скокот на тежината е што престанав да пушам. Имав проблеми со вените, артериите, ми беа вградени два стента. Исто така, малку го намалив алкохолот, па сега сум во форма и можам да пеам. Разбудете ме среде ноќ, можам да пеам, пренесува Блиц изјава на Бешлиќ дадена за „In Magazine“.

    Порталот Сараево тајмс, на 23 август 2025 година објавил вест дека пејачот Халид Бешлиќ го откажал концертот во Градачац поради здравствени проблеми, односно, тој бил примен во болница во Босна и Херцеговина (БиХ), на Одделот за нефрологија.

    Треба да се спомене дека Халид Бешлиќ со години се соочува со здравствени предизвици. По тешката сообраќајна несреќа во 2009 година, во која го загуби окото и се здоби со повреди на белите дробови, му беше вграден стент, а пејачот се бори и со дијабетес. Овие проблеми бараат континуирано внимание и грижа за здравјето, објавил тогаш Сараево тајмс.

    Од сето погоре можеме да заклучиме дека смртта на пејачот Халид Бешлиќ во никој случај не е поврзана со вакцините против ковид-19. Како што објавиле медиумите во регионот, тој години наназад се соочувал со бројни здравствени предизвици.

    Поради тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.

    Previous ArticleШаини: Невистина е дека мојата сопруга стои зад нападот врз мене
    Next Article Коцевски: Адвокати да не изнесуваат неосновани очекувања за предметот со дискотеката „Пулс“

    Поврзани вести

    Во Берово се одржа јавна дебата за дефинирање на приоритети за претстојниот јавен повик за граѓански организации

    16/12/2025

    Се санира оштетената патна инфраструктура во Берово

    16/12/2025

    Младите од Пехчево во посета на младинските центри во Пробиштип и Штип

    16/12/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Во Берово се одржа јавна дебата за дефинирање на приоритети за претстојниот јавен повик за граѓански организации

    Се санира оштетената патна инфраструктура во Берово

    Младите од Пехчево во посета на младинските центри во Пробиштип и Штип

    (Видео) За сите љубители на цветни дезени – оваа убавица има совршена комбинација

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.