Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Рашфорд нема да се врати во Јунајтед, кој пак нема да прави компромиси околу цената!

    Легенда на МЗТ Скопје ќе го предводи Гостивар

    Велика Британија се заканува дека ќе заплени танкер поврзан со Русија во ескалациски потег

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Наскоро ќе се оданочуваат и купувањата од странство под 22 евра, новите измени го таргетираат онлајн шопингот
    Македонија

    Наскоро ќе се оданочуваат и купувањата од странство под 22 евра, новите измени го таргетираат онлајн шопингот

    09/10/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Владата на РСМ го достави до Собранието Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (ДДВ), со кој се предлага укинување на досегашното ослободување од плаќање ДДВ при увоз на пратки со мала вредност до 22 евра, испорачани од странство кон домашни примачи.

    Со новите измени, ослободувањето ќе важи само за мали пратки од некомерцијална природа, испратени од физичко лице до физичко лице, доколку нивната вредност не надминува 22 евра во денарска противвредност. Исклучени се пратки што содржат алкохол и алкохолни пијалаци, парфеми, тоалетни води, како и тутун и тутунски производи.

    Ова значи дека онлајн купувањата од странски веб-страници, без разлика на вредноста, ќе бидат предмет на оданочување со ДДВ, што ја усогласува земјата со европската пракса, имајќи предвид дека Европската унија уште во 2021 година го укина истиот праг за ослободување.

    Иако Предлог-законот е веќе поднесен во Собранието, поради тековните локални избори не може да се стави на гласање во овој момент. Според најавите од Министерството за финансии, се очекува измените да бидат разгледани и изгласани на собраниска седница кон средината на ноември, веднаш по завршувањето на изборниот процес.

    Од Министерството за финансии посочуваат дека измените нема да имаат негативни фискални последици врз Буџетот, ниту ќе бараат дополнителни финансиски средства за спроведување. Сепак, експертите предупредуваат дека поштенските оператори и Царината ќе се соочат со зголемен број пратки што ќе треба да бидат обработени со ДДВ-обврска, што може да создаде административен притисок.

    Со измената на член 27-б од Законот за ДДВ се додава нова точка (2-а) и се брише старата точка (26-а), со што се затвора можноста за ослободување на пратки до 22 евра од странство.

    Со укинувањето на ослободувањето од ДДВ, на удар ќе бидат најмногу малите пратки од платформи како Temu, Shein, AliExpress и слични онлајн продавници, преку кои македонските потрошувачи најчесто нарачуваат евтини производи под 20 евра. Овие пратки досега пристигнуваа без дополнителни давачки, но со новите измени ќе мора да минат царинска постапка и да се пресмета ДДВ, што ќе ја зголеми конечната цена за купувачите и може да го намали интересот за вакви нарачки.

    Новите одредби ќе стапат во сила осмиот ден од објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, по нивното усвојување од страна на Собранието.

    Previous ArticleДоделена Нобеловата награда за литература
    Next Article Истрага против четири лица за препродавање дрога

    Поврзани вести

    Дебата: Трагедиите во романски „Колектив“ и македонски „Пулс“ како поука за властите

    06/02/2026

    Јаневска: Очекувам студиските програми со по 2-3 студенти да се самоукинат или ќе бидат затворени по сила на закон

    06/02/2026

    Мрежа за заштита од дискриминација: Законите важат за сите поеднакво

    06/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Рашфорд нема да се врати во Јунајтед, кој пак нема да прави компромиси околу цената!

    Легенда на МЗТ Скопје ќе го предводи Гостивар

    Велика Британија се заканува дека ќе заплени танкер поврзан со Русија во ескалациски потег

    Трамп нема да се извини за споделувањето на избришаното расистичко видео на кое Обама e прикажан како мајмун

    НАЈЧИТАНИ

    СО ИСТОРИСКИ ЧАС ВО СОУ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ БРИЦО“ ВО ДЕЛЧЕВО СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАНИ 154 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

    04/02/2026

    Мрежа за заштита од дискриминација: Законите важат за сите поеднакво

    06/02/2026

    Тошковски: Со Безбеден град имаме намалување за 32 отсто на повредени лица само во Скопје и 64 отсто помалку на загинати во сообраќајни незгоди

    03/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.