Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»„Не гледам иднина во Македонија“: Средношколците од Делчево, Берово, Кочани масовно на студии во Бугарија
    Македонија

    „Не гледам иднина во Македонија“: Средношколците од Делчево, Берово, Кочани масовно на студии во Бугарија

    Цели средношколски друштва топтан се преселуваат во Софија за да студираат. Сместени се во студентиски домови и добиваат стипендија.
    13/10/20255 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Меѓународно признаена диплома, сместување во студентски дом (четири години во иста соба), финансиска поддршка од министерството за образование се дел од причините поради кои матурантите од Делчево, Македонска Каменица, како и од Берово, Пехчево, Кочани се одлучуваат да се запишат на факултетите во Бугарија, место на некој од македонските.

    „Јас не ја гледам иднината во Македонија, а со оваа диплома ми е полесно и за мастер, односно продолжување на образованието на друго место и за понатаму. Тоа е главната причина зошто се запишав на факултет во Бугарија“, вели студентка за „Независен“, која веќе трета година студира на Биолошкиот факултет во Софија. Таа добива и по 240 лева (120 евра) месечна стипендија од бугарското министерство за образование кое ги поддржува странските студенти.

    Софискиот универзитет

    Бруцошка од Смојмирово, која се запишала на социјална работа и социјална политика на Факултетот за педагогија, вели дека во Софија ѝ е супер.

    „Целото друштво ми е тука. Сместена сум во студентски дом, а во моментот сум сама во соба“, ни вели бруцошката. И таа добива по 240 лева месечна стипендија. Таа појаснува дека сите добиваат ваква стипендија првата година.

    Наставничка од едно делчевско училиште вели дека од матурантите кои се запишуваат на факултет, околу 80 отсто се одлучуваат за студии кај нашиот источен сосед, а тројца, четворица за студии во Словенија.

    Според неа, причините за тоа се близината на бугарскиот главен град како и превозот до другите градови, но и условите на факултетите, односно можностите за комуникација со професорите или други студенти кои се заинтересирани за некое научно поле, како и можноста за научни истражувања. Секако, додава таа, сместувањето, исто така, се спомнува како дел од причините, можноста за работа додека се студира, но и друштвото – продолжуваат да се дружат како до средно, така и на факултет.

    Што нудат бугарските универзитети?

    За полесно снаоѓање при запишувањето на факултет во Бугарија постои веб-страница, поддржана од Министерството за надворешни работи на Бугарија, каде ги има сите студиски програми на кои може да аплицираат нашите матуранти, потоа сите универзитети, документите кои им се потребни, како и насоки за аплицирање за сместување во студентски дом. Страницата е на македонски јазик.

    „Нашата мисија е да ги поддржиме студентите во нивниот образовен пат и да им понудиме широк спектар на информации за студирање во Бугарија“, стои во полето „Поддршка за студенти“, на страницата, а нудат и превод и легализација на документи.

    Имаат и две канцеларии – едната во Софија, а другата во Кочани.

    Во студиската 2025/2026 година на бугарските факултети во Софија, Пловдив, Стара Загора, Русе, Благоевград, Плевен, Варна, Велико Трново, Бургас од Македонија се запишале повеќе од 629 студенти на додипломски и магистерски студии. Сите студенти се должни да полагаат приемен испит по јазик, литература и историја на Република Бугарија.

    Два студентски дома во Скопје се реновираат – студентите се сместуваат приватно

    Додека соседна Бугарија нуди бројни услови за студенти од странство, па и од Македонија, македонското Министерство за образование, на нашите студенти не им нуди ниту пристојно сместување во скопските студентски домови, а и тоа е ограничено поради реновирање на два дома.

    Затворени се домовите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје кои се реновираат подолго време, а според најавите од МОН, повторно ќе примаат студенти од вториот семестар на претстојната академска година.

    СД „Кузман Јосифовски – Питу“ се реновира (Фото: Б. Грданоски)Според конкурсот што го објави Министерството за образование и наука, слободни се вкупно 4.264 места во студентски домови во Скопје, Штип, Битола, Тетово, Охрид и Прилеп. Од нив, 851 место се наменети за бруцоши, а 3.413 места се за студенти од втора и повисоките години на студии.  Најмногу места во главниот град има во студентскиот дом „Гоце Делчев“ (1.212), во ДСД „Пелагонија“ на располагање се 997 места и 335 во ДСД „Томе Стефановски Сениќ“.

    Ако се погледне статистиката од претходната година академска 2023/24 година, во прва година се запишале над 15.000 студенти, а сместување се нуди само за 851. На оние студенти од внатрешноста, кои ќе се одлучат за студирање во Скопје, не им останува ништо друго, освен да се сместат приватно – под закуп, или родителите да им купат стан.

    Студентите од ФИНКИ пак, со години учат во бараки, а на овој факултет се запишуваат најголем број студенти. Зградата во која требаше да се сместат зјае во предворјето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со зградата на Факултетот за физичка култура.

    Студентска картичка со попусти за културни настани, театар, кино, одамна е на листата на барања на македонските студенти, но имајќи предвид дека погласни се барањата за дигитализација, онлајн библиотека, па и дигитализиирано пријавување испити или запишување семестар, овие финеси се оставени за некои други времиња.

    Студентите имаат картички (банкарски) единствено за субвенциониран оброк, за која пак годинава побараа зголемување за 10 денари, односно од 140 на 150 денари, а министерката за образовение Весна Јаневска им одговори дека тоа не може да се направи пред донесување на Буџетот за следната година.

    Фото: Б. Грданоски

    Се намалува бројот на запишани студенти

    Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Северна Македонија, во академската 2023/2024 година се запишале вкупно 52.316 студенти, што претставува намалување за 2,8 % во однос на академската 2022/2023 година.

    Бројот на запишани студентки е 30.704 или 58,7 %. Најголем број студенти (77,9 %) се запишале на државните високообразовни установи, додека 22,1 % се запишале на
    приватните високообразовни установи.

    Во прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 15.330 студенти.

    За академската 2025/26 Статистика уште не излегла со податоци.

    Извор: НезависенМК.

    Previous ArticleОд скопските студентски домови, слободни места има само во „Томе Стефановски-Сениќ“
    Next Article Петер Пелегрини, претседателот на Словачка во официјална посета на Македонија

    Поврзани вести

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    26/10/2025

    Министерството за животна средина соопшти дека немало истекување на линдан во ОХИС

    26/10/2025

    Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

    25/10/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    (Видео) Кети Пери и Џастин Трудо ја потврдија својата врска со романтичен состанок во Париз

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.