Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»ЗНАМ Куманово негира дека нивниот кандидат за советник Салиевски нападнал активисти на СДСМ
    Политика

    ЗНАМ Куманово негира дека нивниот кандидат за советник Салиевски нападнал активисти на СДСМ

    16/10/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „СДСМ и неговиот кандидат за градоначалник Мартин Костовски денеска се послужија со класична лага и инсинуација во обидот да добијат ситни политички поени, надевајќи се дека тоа нешто ќе им смени на 19 октомври на изборите. Го обвинија нашиот кандидат за советник Самет Салиевски дека, наводно, тој нападнал членови на еден од изборните штабови на Костовски во Куманово. Тоа е целосна лага од Костовски. Вистината е сосема поинаква. Нашиот кандидат за советник Салиевски бил сведок на меѓусебна вербална расправија на активисти на СДСМ во близина на неговиот дом каде што живее. Поточно, слушнал силно викање, излегол и бил сведок на почната тепачка меѓу нив. Тој само застанал меѓу нив за да ги раздвои, по што се повлекол. Немало никаков физички контакт што може да се карактеризира како атак од него. Во меѓувреме веќе станал цел на вербални провокации и довикувања на кои реагирал смирено и воздржано“, кажа носителката на листата, Ивана Ѓорѓиевска.

    Како што посочи на прес-конференцијата, Ѓорѓиевска „ова се очајнички обиди на СДСМ со лаги и манипулации на низок, дрзок и целосно некоректен обид да добијат ситни поени пред кумановци и јавноста“, заради „агонијата од последните анкети“ на кои ги очекува пора и убедлива победа на ЗНАМ и кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски.

    „Ние немаме намера да се занимаваме со ваквите политикантски игри на некои истрошени политичари. ЗНАМ и Максим Димитриевски во изминатиот период покажаа и докажаа како се сака Куманово, како се води најголемата општина во државата и како со труд, професионалност, посветеност и отчетност се создаваат услови секојдневно да се менува на подобро. А, граѓаните тоа го препознаваат. Затоа на 19 октомври Максим Димитриевски и ЗНАМ ќе освојат голема победа“, рече Ѓорѓиевска.

    Previous ArticleХрватите во Македонија основаа партија
    Next Article Мицкоски не попушта, додека е тој премиер немало да има непринципиелен договор со Бугарија

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.