Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Самоуништување со умисла: Некои од иселените ќе се вратат, но неродените бебиња – НЕ

    Младите од Овчарани, Леринско, запеаја македонски патриотски песни (ВИДЕО)

    Јотова му се пожали на Фицо: Македонија не ги исполнува обврските преземени во 2022 година

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски повикува на масовно гласање за ВМРО-ДПМНЕ во недела
    Политика

    Мицкоски повикува на масовно гласање за ВМРО-ДПМНЕ во недела

    16/10/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Мицкоски испрати порака за масовно излегување на избори на сите гласачи на 19 октомври и да се заокружи бројот 9 за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и за кандидатите за градоначалници, како и за кандидатите од пошироката коалиција.

    „Затоа што ценам дека на тој начин ќе имаме континуитет во реформите, на тој начин ќе имаме континуитет во испораката и мислам дека на тој начин ќе продолжиме заедно да чекориме. Да не дозволиме да се вратат сите оние структури коишто седум години ја уништуваа, ја ограбуваа Македонија и ја распродаваа Македонија“, рече Мицкоски.

    Од Сарај, Мицкоски се осврна и на политичката партија ДУИ која, како што нагласи, 20, 22 години беше дел од различни владини структури, а сега се чувствуваат неприродно во една поинаква позиција кога се во опозиција и која цела кампања, посебно првата недела му ја посвети на нему.

    Мицкоски додаде дека немаше митинг на ДУИ каде што не се споменуваше и извикуваше во низа неговото име, за што не можел да поверува дека толку многу го сакаат или, пак, толкава ноќна мора им бил на тие луѓе.

    „Немаше митинг најмалку по 15 до 20 пати да не го спомнат моето име. Сакав едно време да им се јавам да им кажам „аман луѓе дајте кажете што ќе правите четири години. Дај оставете или зборувате за Кристијан или како ќе се вратите на власт, или правите етнички поделби. Тоа беше целата кампања на ДУИ“, рече Мицкоски.

    Тој даде одговор и на повиците конкретно од ДУИ за предвремени парламентарни избори, при што порача и ако евентуално има, по убедливата победа на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои мнозинство гласови, а можеби и 61 пратеник.

    „Замислете да има предвремени парламентарни избори и замислете на тие предвремени парламентарни избори, еве ДУИ да има добар резултат, бидејќи од другава страна се знае дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, после големата победа на локалните избори, на парламентарни евентуални избори би освоила огромно мнозинство гласови, можеби 61 пратеник. Со кого ќе прават коалиција, како ќе ја гласаат мојата Влада? До пред 5-6 месеци не им чинев, Кристијан ваков, Кристијан таков, како ќе ја гласаат мојата Влада, како ќе бидат мои министри. Еве јас го поставувам тоа прашање, не можат да измислат друг. Еве ние имаме 61, што правиме тогаш? Или ќе заборават? Ќе речат тоа не важи, сега ќе се препакуваме како што тоа го правевме 20 и повеќе години, нашиот личен интерес ќе го ставиме пред сè и ќе си функционираме како да ништо не било. Тоа така не бива“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

    Previous ArticleЉутков: Да изградиме индустрија што ќе создава игри со македонски печат и глобален потенцијал
    Next Article Хрватите во Македонија основаа партија

    Поврзани вести

    Самоуништување со умисла: Некои од иселените ќе се вратат, но неродените бебиња – НЕ

    05/09/2026

    Јотова му се пожали на Фицо: Македонија не ги исполнува обврските преземени во 2022 година

    05/09/2026

    ДЕСФА: Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

    05/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Самоуништување со умисла: Некои од иселените ќе се вратат, но неродените бебиња – НЕ

    Младите од Овчарани, Леринско, запеаја македонски патриотски песни (ВИДЕО)

    Јотова му се пожали на Фицо: Македонија не ги исполнува обврските преземени во 2022 година

    ДЕСФА: Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

    НАЈЧИТАНИ

    Дете се бори за живот по крвава тепачка во Скопје

    01/09/2026

    Дали социјалните медиуми ги уништуваат семејните односи?

    01/09/2026

    Ова се имињата на сите 310 ученици кои се примени во Средното полициско училиште

    27/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.