Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Од користољубие си го убил братот, па го закопал во шупа

    Буфон: Јувентус ретко ќе губи со Спалети

    Објавен романот за млади „Ванда“ на хрватската писателка Силвија Шесто

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Извештај на Стејт департментот од 1965 година: Македонци во Бугарија биле 187.789 во 1956 година
    Политика

    Извештај на Стејт департментот од 1965 година: Македонци во Бугарија биле 187.789 во 1956 година

    18/10/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во 1965 година, извештите на Стејт департментот биле тајни класифицирани документи, но сега веќе можат да се отворат во светските архиви, дури и онлајн. Така, тајниот извештај на американскиот Стејт департмент од 1965 година за границата меѓу Бугарија и Грција, може да се најде во Националниот архив на Австралија или на www.naa.gov.au.

    Тој извештај од 1965 година претставува своевидна опсежна студија, може да се каже дури и научна, за етничкиот состав, потеклото, миграциите и историските контексти на Балканот, во обид да се дефинира тогаш актуелната состојба на границата меѓу Бугарија и Грција, и односите меѓу овие две балкански земји, денес членки на Европската Унија.

    И во таа американска студија на Стејт департментот од 1965 година – потеклото на Бугарите е „класифицирано како Туранци, Монголци или Татари“, кои пристигнале подоцна на Балканот од другите народи или племиња, кои го изгубиле својот оригинален јазик и усвоиле друг јазик. Извештајот на САД, цитирајќи го бугарскиот национален попис од 1956 година, го наведува вкупното население на Бугарија како 7.613.709 жители, од кои Бугари – 6.506.541, Турци – 662.018, Роми – 197.865, Македонци – 187.789. Но исто така се нотира дека во таа 1965 година, „Бугарија сè уште одбива да го признае постоењето на македонска етничка припадност“.

    Во извештајот се препознава дека големо влијание за односите меѓу Бугарија и Грција има размената на населението што се случила под 1923 година меѓу Грција и Турција, како и „македонското прашање“.

    „Поочигледна промена во етничкиот состав се случи како резултат на грчко-турската војна (1919-1922) по потпишувањето на примирјето од страна на Турција во Првата светска војна во 1918 година. Поразот на грчките војски во Анадолија и последователното протерување на илјадници Грци од областа Смирна (Измир) доведоа до договор за размена на население помеѓу Грција и новата Турска Република. Се вели дека Смирна тогаш имала грчко население од 375.000; додека Атина тогаш имала население од 168.000 жители.

    Размената на населението, една од најзначајните од ваков вид, беше отелотворена како конвенција и вклучена во Договорот од Лозана од 1923 година. Со зголемувањето на бројот на грчки бегалци од Турција, околу 400.000 турски бегалци ја напуштија Грција. Повеќето од Грците беа населени во македонските и тракиските области стекнати како резултат на Балканските војни. Така, покрај експанзијата на населението, Грција ја хомогенизираше бугарската гранична област, што всушност го ‘реши’ ‘македонското прашање’ за Грција, со елиминирање на она што претходно беше хетерогено население“, се наведуваат во извештајот на Стејт департментот за претходните историски случувања што во таа 1965 година ги дефинирале сосотојбите на бугарско – грчката граница.

    Меѓу другото се забележува дека на Бугарија, во 1923 година ѝ била понудена одредена економска компензација, зашто не ѝ бил дозволен излез на Егејското Море.

    „Економски излез во форма на транзитни права низ Егејот беше обезбеден од Сојузничките и здружените сили. Условите на гаранцијата требаше да бидат утврдени подоцна. Сепак, кога прашањето беше покренато во Договорот од Лозана од 1923 година, Бугарија ја отфрли понудата за транзитни права во пристаништето Дедеагач (Александрополис) како несоодветна“, се вели во извештајот.

    Шеесет години подоцна, во 2025 година кога Бугарија и Грција се членки на Европската Унија, се чини сè уште имаат „нерасчистени сметки“ околу „македонското прашање“. Бугарија смета дека Грција доби многу повеќе од неа со Преспанскиот договор, па со истата стратегија на уцени, настојува да добие исти „привилегии“ од ЕУ и национално-идентитетски отстапки од Македонија. Секако, „нерасчистената сметка“ на двете земји членки на ЕУ е – Македонија!

    Ј.П.

     

    Previous Article(Видео) „Неверојатно е дека има 44 години“ – Златан Ибрахимовиќ со видео од сауна ги воодушеви обожавателите
    Next Article Флик збесна на прашање за Јамал: Кој и да ти го кажал тоа – лаже!

    Поврзани вести

    Мицкоски од Пробиштип: Колку поголема поддршка добиваме дома – на локални избори, толку повеќе аргументи имаме надвор

    27/10/2025

    Минчев: Центар е последното гнездо на бизнисот на двоецот Венко – Заев, поддржанo од Герасимовски

    27/10/2025

    Уште пет дена кампања, најавени се кадровски промени во СДСМ

    27/10/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Од користољубие си го убил братот, па го закопал во шупа

    Буфон: Јувентус ретко ќе губи со Спалети

    Објавен романот за млади „Ванда“ на хрватската писателка Силвија Шесто

    САД и Јапонија потпишаа договор за ретките минерали во обид да ја намалат доминацијата на Кина

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.