Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Гвардиола: Да светеше сонцето во ноември, ќе бевме шампиони во јануари

    Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

    Ерик Свалвел се откажа од трката за гувернер на Калифорнија поради обвинувања за сексуално вознемирување

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»До 9 часот на гласање излегле 3 отсто од граѓаните со право на глас
    Македонија

    До 9 часот на гласање излегле 3 отсто од граѓаните со право на глас

    19/10/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Гласачите во избирачките места 1133 во Куманово, како и оние во гласачкото место 2271 во Штип, денеска гласаат без да остават отпечаток од прст на електронски уреди за биометриска идентификација,туку наместо тоа, се идентификуваат со УВ лампа и спреј, соопшти денеска Борис Кондарко, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК). Тој информираше и дека до 9 и 15 часот, излезноста била 3 отсто.

    „Во Куманово на едно избирачко место, 1133, во кое се запишани 12 гласачи, немаше струја, па одлучивме гласањето да продолжи без користење на уредот за биометриска идентификација, а со употреба на УВ лампа. Иста ваква одлука донесовме за избирачкото место 2271 во кое има 507 гласачи, каде што поради технички причини, ИТ лицата од ДИК направија обид со два резервни уреди за идентификација да се одвива гласањето, но уредите не можеа да се стартуваат, па и овде се гласа со УВ лампа и спреј. Од вкупно 3474 избирачки места во државата, кои се уредно и навремено отворени, гласањето без уред за биометрикса идентификација, се одвива само во овие две места 1133 и 2271. Тоа се објективни фактори на техниката, но сепак се работи за занемарлив процент, нема никаква пречка граѓаните да го остварат своето право на глас. Лани имавме вакви ситуации 6 избирачки места“, рече Кондарко.

    Тој информира дека заклучно со 9 и 15 часот, гласале се 41.890 граѓани, односно 3 проценти. Кажа дека гласањето се одвивало без проблеми, односно дека во ДИК досега немало јавувања за некакви потешкотии од ниту една општинска изборна комисија.

    „Ќе информираме за излезноста на секои два часа. Гласовите ќе се бројат после 19 часот. Гласачките ливчиња од вчерашното гласање ќе се бројат заедно со денешните, на купче“, додаде тој.

    Кондарко информира и за одлуката за поништување на 1 советничка листа на партијата ДНЕТ, поради починато лице. Како што кажа, одлуката на ДИК е на сила и сите евентуални гласови за Совет на град Скопје, кои ќе бидат дадени за оваа партија, ќе бидат неважечки.

    Граѓаните што гласаат во Скопје, гласаат на четири избирачки ливчиња. Поради поголема транспарентност и побрзо составување на записниците за утврдување на резултатот од гласањето, ДИК дала насоки сите избирачки одбори после 19 часот да присуствуваат во полн состав – сите 5 членови и сите 5 заменици, заради поголема контрола и ефикасност.

    „Може поспоро да оди објавата на резултатите оти во Скопје се гласа на 4 гласачки ливчиња“, додаде Кондарко.

    Previous ArticleТошковски: Над 90% од капацитетите на МВР се ангажирани за изборниот процес
    Next Article До 17 часот излезноста на локалните избори е 39,61 отсто

    Поврзани вести

    Полицијата приведе 38-годишник од Камењане за инволвираност во борби со кучиња

    12/04/2026

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Гвардиола: Да светеше сонцето во ноември, ќе бевме шампиони во јануари

    Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

    Ерик Свалвел се откажа од трката за гувернер на Калифорнија поради обвинувања за сексуално вознемирување

    Доналд Трамп упати остри критики кон папата Лав нарекувајќи го „слаб“ и „ужасен“

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.