Од овие 53 општини, според сѐ уште неофицијални податоци, градоначалник во првиот круг е избран во 44 општини. Во 32 општини избрани уште во првиот круг се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во првиот круг СДСМ победил во три општини, коалицијата Вреди во пет, а коалицијата на ДУИ Национална алијанса за интеграција во 4 општини.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг имаат градоначалници во: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип. Во Старо Нагоричане кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на границата со 50 отсто освоени гласови.

Изборите ќе се повторуваат во три општини поради недоволна излезност, односно неисполнување на законскиот цензус од една третина од запишаните гласачи. Во Маврово и Ростуша излезноста изнесува 30,31%, а во трка за градоначалник се Онер Јакупоски од ВМРО-ДПМНЕ и Анес Ахмети од СДСМ. Во Врапчиште излезноста е 25,18%, а кандидати се Исен Шабани од НАИ и Мехмед Сефери од Вреди. Во Центар Жупа излезноста е најниска – 21,49%, а таму се натпреваруваат Аријан Ибраим од ДПТМ, Инает Баки од Партија за движење на Турците во Македонија и Алил Емрула од ДНЕТ.
The post Уште во првиот круг во 32 општини победија кандидатите за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on МКД.МК.
