Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Видео) Фармерките што се хит на социјалните мрежи: тие решаваат проблем што ги мачи многу жени

    Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    Фестивалот Киненова отворен: Милан Терзиќ посака добри филмови и убави разговори, а Емин Алпер е благодарен што фестивалот го одржува филмот како уметност и кино културата во живот

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Пановски: Стаорците нема да чекаат втор изборен круг, Владата итно да прогласи вонредна состојба
    Македонија

    Пановски: Стаорците нема да чекаат втор изборен круг, Владата итно да прогласи вонредна состојба

    22/10/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Откако метрополата се претвори во една голема депонија поради тоа што не се собира ѓубрето од контејнерите и улиците, не стивнуваат апелите Владата итно да прогласи вонредна состојба. Професорот и микробиолог проф. д-р Никола Пановски откако вчера за Мета предупреди што се може да ни се случи оваа алармантна состојба со ѓубрето низ цел град, денеска преку својот Фејсбук профил ги повика сите институции да реагираат, Владата да прогласи вонредна состојба и најитно да започне чистењето на сметот.

    „Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори! Вториот круг, заедно со рокот на жалби, предавањето на функцијата, нема да заврши пред 9 ноември. За 18 дена стаорците, па и глувците може енормно да се размножат. Скопје веќе 20 дена е елдорадо за глодарите. Имаат достапна храна во изобилство. Излегуваат од подрумите, канализацијата и се хранат, се оплодуваат и за едем месец од секое животно ќе се создадат во просек по 10 младенчиња. Значи и по евентуално чистење на градот за 72 часа по 20 дена, ќе имаме илјадници гравидни глодарки кои на свет ќе донесат десетици илјади младенчиња. Можеби ќе имаме исчистен град, но глодарите ќе бидат многубројни и барајќи храна, ќе бидат крајно агресивни. Храната ќе ја бараат во нашите подруми и гаражи, а ако не ја најдат ќе ни влезат дома“, напиша Пановски.

    Тој апелира до Владата да прогласи вонредна состојба и сметот да започне да се чисти веднаш.

    „Министерство за здравство, Центар за јавно здравје, Институт за јавно здравје, Агенција за храна и ветеринарство, што правите? Па, вие сте платени да апелирате, да наредувате, да превенирате, не е тоа моја работа. Десетици платени специјалисти по хигиена, епидемиологија, микробиологија, ветеринари, каде сте? Воопшто не е важно дали сега е опортуно да молчите, да чекаме да се исполни ветувањето за 72 часа, аман веќе, побарајте итна акција од Владата, ако не ве слушаат излезете на улица“, револтирано пишува Пановски.

    Вчера, за Мета Пановски зборуваше за болестите од кои може да заболи населението, ако градот продолжи да биде една голема депонија.

    „Инсектите се најважни, посебно мувите, и тие може да пренесат многу болести, а најопасно е ако се намножат стаорците. Тие, заедно со кучиња и мачки, се хранат со храна од тие ќеси со ѓубре во кои веќе се создал токсин, и со тоа тие се главни ширачи на болести. Ако стаорци се размножат енормно, ќе се населат во подрумите и може многу болести за пренесат. Од нивната урина се пренесува болеста листериоза. Замислете да влезат во фабрика за сувомесни производи или во фабрика за храна, може лесно да ја пренесат болеста. Имало случаи, врз лименки врз кои се измокриле, остануваат опасни бактерии кои предизвикуваат тешки болести кај човекот“, предупреди Пановски.

    Речиси и да нема општина во Скопје во која нема преполни контејнери со ѓубре, кое буквално се прелева на тротоарите и улиците, во зеленилото, на велосипедските патеки, а на некои места и на самите коловозни ленти. Состојбата со ѓубрето во метрополата е алармантна и незапамтена во светски размери, и тоа меѓу два изборни круга од локалните избори. Веќе нема дилема во јавноста дека здравјето на граѓаните е повторно загрозено поради политичките игри на партиите – нешто што беше карактеристика на речиси целиот мандат на градоначалничката во заминување, Данела Арсовска.

    Previous ArticleЛидерите од Западен Балкан имаа групна средба со Кралот Чарлс Трети
    Next Article Изгаснат е пожарот во шаторот во „Ќациленд“

    Поврзани вести

    Работодавачот на загинатиот Бесим Дурмиши бара правда: „Беше искрен, чесен и многу вреден“

    14/10/2026

    Ќе ја предаде ли Софија Ива Михаилова? Бугарското МВР се повика на нејзиното државјанство

    14/10/2026

    Божиновска: Гласот на Македонија да биде присутен во обликувањето на европските климатски приоритети

    13/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Фармерките што се хит на социјалните мрежи: тие решаваат проблем што ги мачи многу жени

    Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    Фестивалот Киненова отворен: Милан Терзиќ посака добри филмови и убави разговори, а Емин Алпер е благодарен што фестивалот го одржува филмот како уметност и кино културата во живот

    Ве очекува хаос – подгответе се: 4 хороскопски знаци за кои крајот на октомври ќе биде особено бурен

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    13/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.