Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Алегри: Да бидеме среќни што извлековме реми

    Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

    Oбјавена монографијата „Монетоковањето на градовите во античка Македонија“ од Доне Таневски

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Синдикат: Нема доволно камиони за собирање ѓубре, има и такви кои не се во возна состојба
    Македонија

    Синдикат: Нема доволно камиони за собирање ѓубре, има и такви кои не се во возна состојба

    22/10/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    И покрај доцнењето на платата за месец септември, во Синдикатот на работниците од угостителството, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), нагласуваат дека вработените во „Комунална хигиена“ редовно ги извршуваат своите работни задачи околу празнење на контејнерите во Скопје. Сепак, велат дека вработените се соочувале со сериозен проблем – недостиг на камиони за собирање смет, а голем дел од постоечките возила не биле во возна состојба поради недостаток на резервни делови.

    „Вината не е кај вработените во претпријатието, кои вложуваат максимални напори да се собере сметот, туку кај раководството на претпријатието“, пишува во соопштението на Синдикатот, од каде што најавија дека ќе преземат законски мерки против раководството на претпријатието поради доцнење на платите на вработените и лоша состојба со возниот парк.

    Оттаму велат дека платите на вработените се исплаќаат со задоцнување веќе неколку месеци, иако, според нивните сознанија, парични средства од наплатата на сметките редовно се префрлаат на сметката на претпријатието. Во Синдикатот најавија дека ќе бидат поднесени кривични пријави за раководството и пријави до Државниот инспекторат за труд.

    Извршниот одбор на синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП „Комунална хигиена“ одржал состанок вчера на 21 октомври. На средбата биле повикани директорот и Управниот одбор на претпријатието, но директорот не присуствувал.

    Речиси и да нема општина во Скопје во која нема преполни контејнери со ѓубре, кое буквално се прелева на тротоарите и улиците, во зеленилото, на велосипедските патеки, а на некои места и на самите коловозни ленти. Состојбата со ѓубрето во метрополата е алармантна и незапамтена во светски размери, и тоа меѓу два изборни круга од локалните избори. Веќе нема дилема во јавноста дека здравјето на граѓаните е повторно загрозено поради политичките игри на партиите – нешто што беше карактеристика на речиси целиот мандат на градоначалничката во заминување, Данела Арсовска.

    Мета.мк вчера се обиде да го добие директорот на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кое е надлежно за подигање смет во град Скопје, Сабахудин Рустеми, но неговата секретарка ни кажа дека бил на состанок и дека ќе ни се јави. До објавата на овој текст тоа не се случи, но затоа Јавното претпријатие испрати соопштение до сите медиуми. Во соопштението, наместо одговор на прашањето кога ќе се исчисти ѓубрето во Скопје, директорот Рустеми бара Министерството за здравство да исплати 5 милиони евра наводен долг кон јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје.

    Владата вчера ги задолжи Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор на територија на Град Скопје, со цел утврдување на состојбата со комуналниот и друг вид на отпад и преземање соодветни мерки и активности.

    Од Основното јавно обвинителство Скопје вчера информираа дека веќе постапуваат и преземаат дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело.

    (ГАЛЕРИЈА) Скопјани си легнаа и се разбудија затрупани во ѓубре

     

     

     

    Previous ArticleВо македонскиот КИЦ во Загреб отворена изложба за фотографите на Арсовски, кои ги поврзаа Скопје и Загреб
    Next Article Драмски со претставата „Кармен“ на театарски фестивал во Анкара

    Поврзани вести

    Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

    25/10/2025

    Од домашно прозводство покриена 93,2 отсто од потрошувачката на струја во август

    24/10/2025

    Независниот кандидат за градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, се повлече од трката

    23/10/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Алегри: Да бидеме среќни што извлековме реми

    Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

    Oбјавена монографијата „Монетоковањето на градовите во античка Македонија“ од Доне Таневски

    Ким Кардашијан: За две недели станувам лиценциран адвокат

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.