Сообраќајот на државните патишта утринава (27 октомври 2025, 06:56 часот) се одвива непречено, но по влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). На автопатот Скопје – Велес, по патарината Сопот и пред тунелите кај Башино Село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната лента.
Од ПС за безбедност во патниот сообраќај Велес испратени се екипи на терен, а на истото место вчера биле регистрирани две сообраќајни незгоди со материјална штета, без повредени лица.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење и почитување на сигнализацијата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои ризик од одрони: Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк Галичица останува отворен за возила до 3,5 тони.
Во тек се и градежни работи на повеќе делници, меѓу кои и санација на потпорни ѕидови на обиколницата кај Скопје (пат А2), при што сообраќајот е пренасочен. На патниот правец Велес-Тетово, меѓу клучките Волково и Кондово, сообраќајот е целосно затворен поради градежни зафати и се одвива двонасочно во должина од околу 300 метри во правецот Тетово-Велес.
