Барселона треба да одигра пријателски натпревар во Перу во декември, што ќе им донесе многу пари.
Финансиската понуда беше неодолива за раководството на Барселона, особено по „неуспехот“ на планираниот натпревар против Виљареал, кој требаше да се игра во Америка. Доколку го играа тој натпревар против Виљареал во Америка, Барселона наводно ќе инкасираше околу шест милиони евра.
Наводно, раководството на Барселона одбило да игра пријателски натпревар во Либија на 10 октомври, што можеше да им донесе профит од околу пет милиони евра.
Клубот одбил сè поради наводни безбедносни проблеми, а и Атлетико Мадрид добил иста понуда за пријателски натпревар, која ја прифатил.
