Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Вучиќ вели дека три дена српските служби бркаат двајца снајперисти низ Белград

    Планинарски клуб Љуботен го прославува стотиот роденден со документарен филм за вековното постоење

    (Видео) Избран е најсекси мажот за 2025 година: тој испиша историја

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Почна Школата за млади лидери на Ѓорге Иванов
    Политика

    Почна Школата за млади лидери на Ѓорге Иванов

    04/11/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На отворањето се обратија основачот на школата, претседателот Ѓорге Иванов, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, претседателот на Freedom House Герардо Бертин, како и Фелипе Паулиер, помошник генерален секретар на Обединетите нации за младински прашања, кој испрати видео порака до учесниците.

    Претседателот Иванов, поздравувајќи ја новата генерација учесници на Школата за млади лидери, се осврна на главната тема на 16-та Школа и на целите за одржлив развој на Обединетите нации и Агендата 2030, единствената глобална рамка што нуди излез од кризите и предизвиците со кои се соочува човештвото, зад која застанаа сите земји членки на ОН. Во своето обраќање тој  посочи дека постојат бројни причини поради кои овие цели сѐ уште не се целосно остварени, но дека младите располагаат со највредните ресурси како надежта, енергијата, креативноста и можностите, за да придонесат кон нивно решавање. Во таа насока, тој истакна дека вештачката интелигенција мора да се користи како алатка за креативни решенија на предизвиците во сите области, потенцирајќи дека во ова време се бара нова дефиниција на лидерството – лидер кој ќе може да одговори на комплексноста на современиот свет. Иванов нагласи дека лидерот на иднината треба да биде способен да одговори на она на што не може да одговори вештачката интелигенција и тоа со својата емоционална интелигенција, интуиција, етичност, креативност и човечност,  карактеристики кои го прават човекот незаменлив. Тој посочи дека лидерите на иднината не треба да се натпреваруваат со вештачката интелигенција, туку да создаваат синергија со неа. Наместо стравот, младите треба да посегнат кон надежта и да развиваат одговорен пристап кон новите технологии, користејќи ги нивните придобивки и поставувајќи етички механизми кои ќе спречат нивна злоупотреба.

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, алумнист на Школата за млади лидери, истакна дека вистинската трансформација започнува со внатрешната култура на лидерството, како размислуваме, одлучуваме и се однесуваме кога никој не нѐ гледа. Тој предупреди да не се фокусираме само на реформите на општеството, без да се реформираме себе си, бидејќи трансформацијата е и лична промена. Лидерството бара храброст и иницијатива, а лидерските вештини не се наследуваат, туку се обновуваат и реинвентираат во секоја генерација. Андоновски нагласи дека Македонија има потреба од млади лидери кои нема да ги копираат старите стилови на политиката и менаџментот, туку ќе ја редефинираат интегритетот, заслугите и храброста. Тој го истакна примерот со градоначалникот Божинов, кој го освои вториот мандат благодарение и на мрежата на млади лидери што се запознале на школата и го поддржале неговото номинирање и кандидатура, покажувајќи како влијанието на школата се шири во реалниот живот.

    Дигиталната трансформација ја спореди со национална трансформација, каде системите треба да им служат на луѓето, а не на самите себеси. Новите теми на Школата, како што се етика на вештачката интелигенција, аналогно лидерство во дигиталниот свет, или одржливоста, се воведуваат за првпат и ќе станат дел од главните дискусии во иднина. Во свет управуван од алгоритми, човечката проценка ќе прави разлика.

    Андоновски потсети дека постојат три типа луѓе: оние што чекаат, оние што набљудуваат и оние што започнуваат промени, при што иднината припаѓа на оние што дејствуваат. Тој се заблагодари на претседателот Иванов за посветеноста во создавање генерации лидери и нагласи дека вистинското наследство на Школата не е продолжување на старото, туку создавање на нешто ново што започнува во мали кругови и се шири низ општеството и нацијата.

    Previous ArticleАВМУ: Медиумите, генерално, известуваа неутрално за учесниците во локалните избори
    Next Article ВМФЛ: Шкендија (А) како лидер го пречекува Кожуф, Скопје посакува бодови против Преспа

    Поврзани вести

    Извештај на ЕК за Македонија: Значителен напредок во реформите, освен во судските

    04/11/2025

    Конститутивна седница на Советот на општина Пехчево

    03/11/2025

    Филипче најави кадровски промени во СДСМ, потпретседателката Чупеска прва поднесе оставка

    03/11/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Вучиќ вели дека три дена српските служби бркаат двајца снајперисти низ Белград

    Планинарски клуб Љуботен го прославува стотиот роденден со документарен филм за вековното постоење

    (Видео) Избран е најсекси мажот за 2025 година: тој испиша историја

    Јанта Волеј вечерва против Волеро пред нов предизвик во Лигата на шампионите

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.